Фабијан Шер
Фабијан Лукас Шер (роден на 20 декември 1991) — швајцарски фудбалер, играч од одбраната на Њукасл Јунајтед и на швајцарската репрезентација. Клупска кариераВилШер ја започнал својата играчка кариера во екипата на Вил. Тој ги минал сите младинските категории и за брзо време станал редовен стартер во резервниот тим на Вил. Своето деби за првиот тим го направил лига на 29 ноември 2009 година во првенствен натпревар против екипата на Стад Нион, влегувајќи како доцна замена. Тој го постигнал својот прв погодок во Челенџ лигата во гостинската победа над Ивердон на 30 октомври 2010 година. БазелНа 4 јули 2012 година, Шер направил трансфер во Базел.[1] Тој потпишал тригодишен договор со опција за продолжување за уште една година.[2] Шер го направил своето деби во Швајцарската Супер лига на 29 септември 2012 во ремито 1-1 на гостувањето кај Лозана.[3] Првиот гол за својот нов клуб го постигнал на Сент Јакоб Парк во домашната победа со 3-2 над Сервет. Голот го постигнал со глава по изведениот корнер од страна на Фабијан Фрај за моментален резултат 1-1.[4] Во вториот дел од сезоната Шер бил стандарден првотимец на позицијата централен одбранбен играч и формирал одлично партнерство со Австриецот Александар Драговиќ. На крајот од сезоната 2012-13, Шер ја освоил првенствената титула[5] и бил финалист во Купот на Швајцарија со Базел.[6] Истата сезона Базел стигнал до полуфиналето на Лига Европа, каде биле елиминирани од подоцнежниот шампион екипата на Челзи, со вкупен резултат 2-5.[7] Сезоната 2013-14, Шер ја освоил својата втора шампионска титула со Базел.[8] Тој го постигнал својот прв гол во сезоната во рамките на второто коло од Супер лигата во дербито против Грасхопер на 21 јули 2013, што завршило 1-1. Веќе следната недела Шер одново бил стрелец во победата над Лозана со 2-0 на Сент Јакоб Парк. Својот трет и четврт првенствен гол ги постигнал во натпреварите против Луцерн на домашен терен; ремито 1-1 на 14 декември 2013 и победата со 3-1 на 7 мај 2014. Сезоната ја завршил со 22 настапи во Супер лигата, еден во Купот на Швајцарија, 10 во Лигата на шампионите и 2 во Лига Европа. Својата трета сезона во клубот, Шер ја започнал со победа над Луцерн од 3-0 во првото коло од Швајцарската Супер лига. Во второто коло од првенството, го постигнал својот прв гол во сезоната во 88-мата минута на гостувањето кај Тун и тој се покажал победнички за Базел при успехот со 3-2. ХофенхајмНа 4 јуни 2015,потпишал четиригодишен договор со Хофенхајм.[9] Својата прва сезона во Бундеслигата ја завршил со 24 настапи и еден постигнат гол во лигата и еден настап во купот. Репрезентативна кариераШер дебитирал за сениорската репрезентација на Швајцарија на 14 август 2013, при победата со 1-0 над Бразил во пријателски натпревар игран во Базел; тој се појавил во игра како замена на полувремето. Бил повикан во 23-цата играчи за Светското првенство 2014. Хронологија на репрезентативните настапи
Титули
Наводи
Надворешни врски
|
Portal di Ensiklopedia Dunia