Роберт Кишерловски
Роберт Кишерловски (хрватски: Robert Kišerlovski; р. 9 август 1986) — поранешен хрватски професионален друмски велосипедист, кој настапувал професионално во периодот 2005-2018 година. КариераНа Париз-Ница 2011, Кишерловски доживеал пад на лизгав спуст и паднал под паркиран камион, останал заглавен под него неколку минути и завршил со осум шавови.[1] На етапата 14 на Тур де Франс 2012, Кишерловски поминал најлошо, кога трката била саботирана со фрлени клинци на патеката. Кишерловски паднал, ја скршил својата клучна коска и бил приморан да ја напушти трката.[2] Кишерловски ја напуштил Астана на крајот на сезоната 2012 и му се приклучил на РадиоШек-Леопард на двегодишен договор од сезоната 2013.[3] Во септември 2014 година било објавено дека ќе биде дел од Тим Тинкоф-Саксо на почетокот на 2015, потпишувајќи двегодишен договор возејќи како помошник за Алберто Контадор.[4] Негов брат е велосипедистот Емануел Кишерловски.[5] Достигнувања
Распоред на резултатите на големите трки
СО = се откажал; — = не учествувал Наводи
Надворешни врски
|
Portal di Ensiklopedia Dunia