Трката околу Баскија 2012 било 52. издание на велосипедската етапна трка Трка околу Баскија. Започнала на 2 април во Гуењес и завршила на 7 април во Оњати. Била составена од шест етапи, вклучувајќи го и поединечниот хронометар. Таа била деветта трка во сезоната 2012 во Светската турнеја.
Трката била освоена од Шпанецот Самуел Санчес од екипата Еускалтел-Еускади, по освојување две етапи, вклучувајќи ја и последната хронометарска етапа, со што го преземал генералниот пласман последниот ден. Санчес го освоил генералниот пласман 12 секунди пред возачот на Катјуша Хоаким Родригес, кој водел сè до последната етапа; Санчес исто така го победил Родригес во бодовниот пласман. Третото место му припаднало на Холанѓанецот од Рабобанк Бауке Молема, откако завршил втор зад Санчес на хронометарот и добил доволно време да се помести од единаесеттото место наеднаш. Во другите пласмани на трката, Марко Пиноти од Аксент.џобс-Вилемс Веранда ја освоил зелената маичка за најголем број бодови добиени во посредните спринтови, додека возачот на Тим Саксо Банк Мадс Кристенсен го освоил планинскиот пласман, додека Катјуша завршиле на чело на екипниот пласман.
Движење
Откако трката била финансирана од шпанската банка Banco Sabadell на 5 март,[1][2] организаторите на трката ја објавиле маршрутата десет дена подоцна.[3]
Екипи
Бидејќи Трката околу Баскија е настан од Светската турнеја на UCI, сите 18 UCI ProTeam биле повикани автоматски и се обврзани да испратат своја екипа. На две други екипи им биле дадени дополнителни покани за трката,[4] и така се создале групата од 20 екипи.
Екипите, кои ќе учествуваат во трката се:[5]
Етапи
Етапа 1
- 2 април 2012 — Гуењес до Гуењес, 152 км[6]
Резултат од етапа 1
|
|
Генерален пласман по етапа 1
|
Етапа 2
- 3 април 2012 — Гуењес до Виторија, 165,7 км[7]
Резултат од етапа 2
|
|
Генерален пласман по етапа 2
|
Етапа 3
- 4 април 2012 — Виторија до Еибар, 164 км[8]
Резултат од етапа 3
|
|
Генерален пласман по етапа 3
|
Етапа 4
- 5 април 2012 — Еибар до Бера-Ибардин, 151 км[9]
Резултат од етапа 4
|
|
Генерален пласман по етапа 4
|
Етапа 5
- 6 април 2012 — Бера-Ибардин до Оњати, 183 км[10]
Резултат од етапа 5
|
|
Генерален пласман по етапа 5
|
Етапа 6
- 7 април 2012 — Оњати, 18,9 км поединечен хронометар (ITT)[11]
Резултат од етапа 6
|
|
Краен генерален пласман
|
Поредок
Наводи
Надворешни врски