Романтизам во докажувањето на македонската инивидуалностРомантизмот во докажувањето на македонската инивидуалност е тесно поврзан со развојот на македонската национална мисла и конституирањето на македонската нација. При своето национално конституирање, Македонците наишле на странските пропаганди, кои ја негирале самобитноста на македонскиот народ и затоа младите македонски дејци се свртеле кон Романтизмот како средство за разграничување од грцизмот и бугаризмот, докажувајќи дека Античките Македонци се Словени, што претставувало антиисториско тврдење [1]. Повикувањето на Античка Македонија било дистанца од Бугарите, а словенскиот корен на Античките Македонци било дистанцирање од Грците, како одговор на нивните посегања кон Македонија и кон Македонците. ПричиниВо средината на XIX век македонската национална мисла започнала да го пробива својот пат кон создавање на македонската нација, на самиот почеток на тој пат, името Македонци било истакнато како белег на поединечност и посебност. Меѓутоа поради социо-економските, општестевените и другите услови многу доцна дошло до будење на македонската национална свет, a не постоела развиена македонска интелигенција која би можела научно да ја проучува етногенезата на македонскиот народ. Во такви услови населението во Македонија , покрај терминот христијани, почнало себеси да се идентификува со името Македонци кое битувало со векови, односно самоидентификацијата била направена врз основа на татковината во која живееле, а во нивниот случај станувало збор за Македонија. Меѓутоа таквата идентификација била нападната од странските пропаганди, кои меѓу другото ги поставиле прашањата:
Под тие налети и неразвиената научна мисла Македонците зазеле едно антиисториско тврдење, докажувајќи дека Античките Македонци се Словени, тврдејќи дека се потомци на:
Романтичарски занесМакедонците во средината на XIX век, па и подоцна, не можејќи да дадат научно објаснување за етногенезата на македонскиот народ, односно да ја објаснат врската меѓу Античките Македонци, Словените и континуитетот на името Македонија низ вековите, се свртеле кон Романтизмот. Слично како на соседните народи, кои се повикувале на античката историја, на грчките градови-полиси, историјата на Византија, на Првото и Второто Бугарско Царство од средниот век, Македонците го истакнувале славното минато на Античка Македонија на Филип II Македонски и Александар III Македонски, на тој начин ја пополниле празнината која постоела во однос на државноправната традиција под македонско име. Меѓу прврзнаниците на оваа терија бил и Стефан Захариев. Во 1871 година во списанието Читалиште била објавена неговата статија под името Македонско пирување во која говорел за верувањата на Античките Македонци, за потчинетоста на Стара Грција под македонска власт. Захариев истовременоо ја подвлекол и современата состојба на Македонците и влијанието на грчката пропаганда, истакнуваќи:
Негации и критикиПовикувањето на Македонците кон славното минато на Филип и Александар, предизвикало критика од бугарска и грчка страна и од нивните пропаганди. Во почетокот на 70-те години на XIX век, претставникот на бугарската интелигенција Петко Рачов Славејков бил принуден да изнесе на дневен ред македонското прашање кое според него веќе 20 години било актуелно [4]. Славејков меѓу другото истакнал дека:
Кога во 50-те и 60-те години на XIX век, Македонците се декларирале како потомци на Филип, Александар и Древната Македонија, без примеси на словенско потекло, грчката пропаганда гледала со симпатии и ја потхранувала таквата мисла за да ги вртата Македонците кон грцизмот. Меѓутоа:
Бугарските аргументи и обвинувања зависеле од која страна доаѓала опасноста за нејзината големобугарска политика кон Македонија. Кога носителите на македонскиот индивидуалитет ја истакнувале идејата за потекло од Античките Македонци, биле обвинувани за спроводници на грчката пропаганда, дека сакаат даа го заблудат македонскиот народ и да го привлечат кон грцизмот [2]. Меѓутоа кога истите тие тврделе дека Античките Македонци се Словени, биле жигосани како Македонисти и биле исмејувани како прости луѓе кој не ја познаваат историјата [4]. Бугарските напади стиганеле до таму што прврзаните на теоријата за етничкото потекло на современите Македонци од Античките Македонци ги обвиниле дека се грчки агенти и спроводници на грчката идеја, иако самите т.н Македонисти истакнале дека:
Покрај тоа носителите на македонскиот индивидуалитет во секоја прилика ги истакнувале своите етнички белези и изјавувале дека Македонците се Словени, за разлика од Бугарите, кои се мешавина од Словени, Татари и други [4]. Значење
Извори
|
Portal di Ensiklopedia Dunia