Македонско движење и српската пропагандаМакедонското движење и српската пропаганда првите контакти ги остваруваат во средината на 70-те години на 19 век, а поголема заедничка соработка се забележува во текот на 80-те години на 19 век. До соработка меѓу двете страни дошло поради отворениот македонизам од страна на српската пропаганда, како и интересот на македонските дејци за помош против сè повеќе засиленото настапување на бугарската црковно-просветната пропаганда во Македонија. Соработката меѓу двете страни траела до оној момент кога Македонците ги откриле вистинските намери на Белград и неговите пропагандисти. Причини
По обединувањето на Кнежевството Бугарија и Источна Румелија доаѓа до засилување на Бугарската пропаганда во Македонија. Српските владејачки кругови истакнале дека треба да се преземат енергични мерки за заштита на српските интереси во Македонија од налетите на Бугарите [1]. Биле преземени активности на различни нивоа, а тоа вклучувало и придобивање на Македонците на страната на Србија, а македонските дејци биле подготвени пак за соработка со секој кој би можел да им помогне да се трасира македонската идеја.
Затоа српската пропаганда решила да ги придобие Македонците и преку нив да се загрозат интересите на Софија и да се подобрат позициите на Белград во Македонија. За да се постави бариера пред бугарските навлегувања во Македонија, Србите ја поддржале идејата дека:
Концепт за Македонизмот![]() Македонизмот како концепт бил дооформен од Стојан Новаковиќ. Тој сметал дека: српската пропаганда ќе постигне најголем успех ако на бугаризмот му го спротивстави македонизмот како етапа за сузбивање на бугарската пропаганда во Македонија. Тој оваа своја идеја и ја предложил во 1888 година на својата влада во Белград [2]. Истакнувајќи:
Со други зборови требало да се искористат патриотските чувства на Македонците против бугарската пропаганда и да се засилат позициите на Србите во Македонија. Српската пропаганда и македонските дејциУште во 1875 година во Белград на државна сметка бил објавен вториот речник на Ѓорѓија Пулевски, а со посредство на Македонецот Димитар Алексиевич во 1879 година се започнало со издавањето на календарот Вардар. Овој календар бил пишуван на мешан српско-македонски јазик (галички говор), а преку него се настапувало против бугарската пропаганда во Македонија [2]. Во 1886 година српска пропаганда во Белград стапила во контакт со Коста Групче, Наум Евро, Васил Карајовов и Темко Попов, претставници на Тајниот македонски комитет. Тие ја изнеле својата програма во која побарале:
И покрај фактот дека програмата и противречела на српската националистичка програма, сепак српските пропагандисти таквата програма ја прифатиле сметајќи дека ќе ја легализираат својата дејност меѓу македонскиот народ и ќе го придобијат Тајниот македонски комитет. Под покровителство на српската пропаганда, дел од дејците на Тајниот македонски комитет во 1886 година го формирале Друштвото Србо-Македонци од Цариград. Во 1887 година во Цариград, Коста Групче и Наум Евро со посредство на српскиот дипломатски претставник Стојан Новаковиќ, од Великиот везир побарале издавање на Македонски лист[3]. Весникот требало да се издава на чист македонски дијалект[3] и би пропагирал дека:
Меѓу другото на Великиот везир му било истакнато:
![]() ![]() Барањето не било прифатено од страна на Великата порта. Во учебната 1887/1888 година дошло до бунт во солунската гимназија. Поводот за бунтот биле политичките борби кој се воделе меѓу русофобите и русофилите во Бугарија, првите биле Стефан Стамболов, а вторите со Бугарската егзархија. Овие борби се пренеле во солунската црковно-училишна општина и во Солунската машка гимназија. Учениците овие борби ги искористиле да го постават прашањето за воведување на македонскиот јазик во наставата. Тие истакнале: дека не можат да работат на бугарски јазик, туку сакале да работат и да им се предава на нивниот домашен, македонски дијалект Поради овој бунт од гимназијата биле исклучени 38 ученика, од кои 14 седмокласници. Во овој бунт предводници биле Даме Груев и Петар Поп Арсов. По исклучувањето на 38 ученика од Солунска машка гимназија тие преку Темко Попов стапиле во контакт со српскиот конзул Петар Карастојановиќ. Конзулот од своја страна им ветил дека ќе им овозможи да го продолжат образованието во Србија и дека ќе им биде дадена и финансиска поткрепа. Според српската пропаганда ученици по школувањето: требало да се вратат по своите родни места и таму да дејствуваат во полза на српската идеја До крајот на 1888 година во Белград се нашле 33 ученици од Македонија. Меѓу нив биле Даме Груев, Петар Поп Арсов, Христо Поп Коцев, Никола Наумов, Крсте Петков Мисирков и други. Во однос на школувањето во Белград, Даме Груев кој се нашол таму како ученик истакнува дека:
Затоа Петар Поп Арсов и Димитар Попов меѓу младите Македонци почнале да агитираат против српската пропаганда. Поради тоа Димитар Попов бил исклучен. Меѓутоа во декември 1888 година дошло до нов бунт на чело со Петар Поп Арсов, Христо Поп Коцев и Никола Наумов. Поради таквата агитација тие биле исклучени, а во меѓувреме меѓу македонските ученици во Белград почнал да делува бугарскиот агент Минчович. Тој им ветил дека ако заминат за Бугарија ќе можат да дејствуваат врз македонска основа. Затоа набргу 34 ученика се нашле во Софија каде ја продолжиле својата агитација против пропагандите. Имено меѓу овие ученици имало идни дејци на Македонското студентско друштво, Лозарското движење и Македонската револуционерна организација, односно македонската млада интелигенција тргнала по свој сопствен пат од кој немало враќање назад. ЕпилогИ покрај сите обиди на српските пропагандисти да ги искористат Македонците сепак таквото делување на српската пропаганда имала позитивно влијание во развојот на македонското национално движење, а тоа го констатирал и самиот Стојан Новаковиќ во српскиот весник Отаџбина:
Српската пропаганда не успеала да ја реализира својата намера, односно кога Македонците ја насетиле таквата позадина, тргнале по свој сопствен пат дистанцирајќи се од сите надворешни влијанија. Крсте Петков Мисирков во својата книга За македонцките работи истакнува:
Извори
Поврзано |
Portal di Ensiklopedia Dunia