Развитие (просветно друштво)Развитие е културно-просветно друштво основано од скопското граѓанство со цел спротистваување на Бугарската егзархија и бугарската пропаганда во Македонија [1]. ОсновањеВо текот на Руско-турската војна во Скопје било формирано просветното друштво Развитие. Меѓутоа поради поради негативниот став кон османлиската власт ова Друштво со својата работа престанало да постои но во март 1880 година повторно било обновено. УставНа 21 мај (стар стил) бил донесен уставот на Развитие, а во овој устав биле определени и целите на самото друштво:
За да се постигнаат овие средства Друштвото се надевало на даренија од скопското граќанство што се собирале еднаш годишно на денот на Светите Седмочисленици (Кирил, Методиј, Климент, Наум, Ангелариј, Горазд и Сава) [2]. Ваквиот устав бил прифатен од страна на Егзархијата меѓутоа таа побарала да се избрише членот 4 од уставот бидејќи:
Меѓутоа тоа било само делумно точно. Во уставот на Развитие се :
ПоделбаПостепено во самото Друштво дошло до поделба и расправии меѓу т.н Стари и Млади. Првите биле поклоници на Егзархијата и како такви ја поддржувале нејзината црковно - просветна дејност додека пак вторите се залагле за самобитноста на Македонија. Од овие борби, во 1884 година како победници излегле т.н Млади и Друштвото зазело нов курс во својата дејност, бил напуштен постојнот уставот и друштвото постепено се политизирало. БарањеНа 27 јануари 1885 година, Друштвото донело резолуција во која:
Во резолуцијата било предвидено да се побара и покровителство од Австроунгарија пред Високата Порта. Резолуцијата му била дадена на австрискиот конзул од Скопје, а тој на 2 февруари 1885 ја пратил на својата влада без препорака [3]. Егзархијата негодувала поради резолуцијата истакнувајќи дека таквиот чекор и нанесува штета на Турција, од една страна, и ја навредува Русија, единствениот пријателна бугарскиот народ во Македонија, од друга страна [4]. РастурањеВисоката порта издала наредба на косовскиот валија да го растури Развитие со изговор дека турската влада е навредена од барањето за мешање на странска сила во внатрешните работи на државата. Турските власти уапсиле тројца гимназиски учители и Развитие било растурено. Извори
|
Portal di Ensiklopedia Dunia