Трка околу Баскија 2017 — 57. издание на велосипедската етапна Трка околу Баскија, која се одржала помеѓу 3 и 8 април како четиринаесетти настан во сезоната на Светската турнеја.[1][2]
Трката била освоена по првпат од Алехандро Валверде од Мовистар Тим,[3] кој го презел водството на трката на претпоследниот ден по победата на кралската етапа во Ејбар, пред да го продлабочи своето водство завршувајќи втор на завршниот поединечен хронометар; со овие завршница, Валверде го презел и бодовниот пласман од возачот на Тим Санвеб, Мајкл Метјус. Валверде завршил 17 секунди пред четирикратниот победник Алберто Контадор (Трек-Сегафредо) додека сешпанскиот подиум бил заокружен со националниот хронометарски првак, Јон Изагире, уште четири секунди зад Контадор од екипата Бахреин-Мерида.
Во другите пласмани на трката, возачот на Канондејл-Драпак, Алекс Хаус, ја освоил точкестата маичка како победник на планинскиот пласман, Љуис Мас (Каха Рурал-Сегурос РГА) бил победник на пласманот на средните спринтови, додека Бахреин-Мерида го освоил екипниот пласман.
Рута
Целата рута на Трката околу Баскија 2017 била објавена на 23 март 2017 година.[4]
Екипи
Бидејќи Трката околу Баскија е настан од Светската турнеја, сите осумнаесет UCI World Tour екипи биле автоматски поканети и се обврзани да учествуваат на трката.[5] Две професионални континентални екипи — Кофидис и Каха Рурал-Сегурос РГА — биле поканети, со што била заокружена главната група од 20 екипи. Бидејќи секоја екипа имала осум возачи, се очекувале вкупно 160 возачи на почетокот на првата етапа.
Екипи од Светската турнеја на UCI (18)Професионални континентални екипи (2) |
 |
Етапи
Етапа 1
Етапа 2
Етапа 3
Етапа 4
Етапа 5
Етапа 6
Завршен пласман
Поредок
На Трка околу Баскија 2017 се доделувале четири различни маички. На генералниот пласман, пресметуван преку додавање на завршните времиња на секој велосипедист по секоја етапа, предводникот ја добивал жолтата маичка. Овој пласман бил сметан за најважен на Трката околу Баскија 2017 и победникот на пласманот бил победник на трката. Немало бонус секунди.
Бодови за планинскиот пласман
Место
|
1
|
2
|
3
|
4
|
5
|
6
|
Бодови за категорија 1
|
10 |
8 |
6 |
4 |
2 |
1
|
Бодови за категорија 2
|
6 |
4 |
2 |
1 |
0
|
Бодови за категорија 3
|
3 |
2 |
1 |
0
|
Дополнително, постоел бодовен пласман, на кој се доделувала белата маичка. За бодовниот пласман, велосипедистите добивале бодови доколку завршат на првите 15 места на етапата. За победа на етапа, возачот добивал 25 бода, второто место добивало 20 бода, третото место 16 бода, четвртото 12 бода, петтото 12, шестото 10 и по еден бод помалку до еден бод за 15. место. Постоел и спринтерски пласман, обележан со сината маичка. Во спринтерскиот пласман, велосипедистите добивале бодови доколку завршат на првите три места на средните спринтови во текот на етапите, со исклучок на завршниот поединечен хронометар.
Четвртата маичка го претставувала планинскиот пласман, каде водството во пласманот било обележано со црвена маичка со бели точки. Во планинскиот пласман, бодовите биле освојувани доколку велосипедистите стигнат на некое искачување пред останатите велосипедисти и повеќе бодови биле достапни на повисоките категоризирани искачувања. Постоел и екипен пласман, во кој времињата на тројцата најдобри велосипедисти од секоја екипа биле собирани заедно; водечката екипа на крајот на трката била екипата со најниско вкупно време.
Наводи
Извори
Надворешни врски