Рудник „Опалит“![]() Рудник „Опалит“ — рудник за опалски бречи, кој се наоѓа северно од кочанското село Спанчево. Терминот „опалит“ потекнува од опалските бречи во наоѓалиштето Спанчево.[1] МестоположбаРудникот се наоѓа северно од селото Спанчево, сместен на возвишението Црни Врв над селото. Истиот е поврзан со макадамски пат во должина од 2 километри од селото.[2] ИсторијаВо 1960-тите години било основано претпријатие за експлоатација на опалските бречи кај селото Спанчево и нивно делумно микронизирање во селото Чешиново, кое било наречено „Опалит“. Името и ден денес е синоним за експлоатацијата на опалските бречи.[1] Во нејзиното повеќедецениско постоење „Опалит“ - Чешиново достигнала свој голем развој, кој достигнувал и до 150.000 тони годишно производство опалски бречи со висок квалитет, којшто претставувал основна компонента во производството на цемент во фабриката „Усје“ во Скопје.[1] Во 2000-тите години, рудникот работи со многу мал капацитет од околу 10.000 тони опалска бреча на годишно ниво.[1] На крајот на 2023 година, цементарницата „Усје“ ги купило рудникот и мелницата во Чешиново и ги припоило кон друштвото.[3] ПоврзаноНаводи
|
Portal di Ensiklopedia Dunia