Сандер Арме
Сандер Арме (холандски: Sander Armée; р. 10 декември 1985) — белгиски професионален друмски велосипедист, кој вози за UCI World Tour екипата Кофидис.[1] ЖивотописДетство и аматерска кариераРоден во Левен, Арме учествувал во велозипедизам, атлетика и скејт во текот на детството. Во 2007 година влегол во белгиската континентална екипа Профел Зиглер. Освоил пет трки во 2007 и шест во 2008 година. Професионална кариераАрме станал професионален возач во 2010 година, потпишувајќи за континенталната екипа Топспорт Вландерен-Меркатор. Завршил седми на Стар Бесеже и деветнаесетти на Трката околу Белгија.[2] По четири години со екипата, Арме се приклучил на Лото-Белисол за сезоната 2014.[3] Останал со екипата до крајот на сезоната 2020, пред да се приклучи на Тим Кубека Асос.[4] Во ноември 2021 година, Арме потпишал договор со Кофидис за сезоната 2022.[5] Достигнувања
Распоред на резултатите на големите трки
СО = се откажал; — = не учествувал Наводи
Надворешни врски
|
Portal di Ensiklopedia Dunia