Светско првенство во друмски велосипедизам 2017
Светско првенство во друмски велосипедизам 2017 — 90. издание на светското првенство кое се одржувало во градот Берген, Норвешка, од 17 до 24 септември 2017.[1] Првенството се состоело од 12 настани за сениори, јуниори и до 23 години, меѓу кои една друмска трка, екипни хронометри, како и по еден поединечен хронометар за мажи и жени, како и друмски трки и поединечни хронометри за возачите до 23 години, јуниорите и јуниорките. Норвешка била домаќин вторпат на светското првенство, по Осло (1993). Шантал Блак од Холандија ја освоила женската друмска трка,[2] додека Петер Саган од Словачка ја освоил машката друмска трка. Саган станал прв кој освоил три последователни првенства.[3] КандидатуриНа 25 септември 2014 година по дводневен состанок одржана на Светското друмско првенство 2014 во Понферада, Шпанија, било одлучено Берген да биде домаќин на првенството во 2017 година.[1] Градот бил одбран пред Инсбрук (Австрија), Мелбурн (Австралија) и Богота (Колумбија).[4] Берген ја испратил својата апликација до 1 јануари 2014 година. Дотогаш имале осумнаесет месеци планирање на настанот. Вкупниот буџет за настанот бил 156 милиони норвешки круни. Од нив, 58 милиони биле наменети како такса кон UCI за самата организација. Претседателот на норвешката федерација, Харалд Тидеман Хансен, го отфрлил да плати повеќе од тоа.[4] Норвешка имала неуспешна кандидатура за Светското првенство 2016.[5] РаспоредСите настани започнале и завршиле во Берген. Времето е според средноевропското време (UTC+1).[6]
РезултатиСениорски тркиПод 23 години
Јуниорски трки
Освојувачи на медали
Наводи
Надворешни врски
|
Portal di Ensiklopedia Dunia