Васил Кириенка
Васил Василевич Кириенка (белоруски: Васіль Васілевіч Кірыенка; р. 28 јуни 1981 во Речица) — поранешен белоруски професионален друмски велосипедист,[2] кој возел професионално во периодот 2006-2020 за екипите ОТЦ Дорс, Риетуму Банка-Рига, Тинкоф Кредит Системс, Мовистар Тим и Тим Инеос. Моментално работи како спортски директор за континенталната екипа БелАЗ.[3] КариераРани годиниВасил Кириенка ја започнал својата кариера во екипата на Радспорт-Тим Група ПСБ во 2004 година. Следната 2005 година, тој победил на еднодневната трка Копа дела Паче и станал државен првак во хронометар. Во 2006 година, Кириенка настапувал за латвиско-швајцарската континентална екипа Риетуму Банк-Рига-Идеал. Меѓудругото, тој завршил на четвртото место на гран при трката во Талин и победил на една етапа од трката Корс де ла Солидарите во Полска. На светското првенство во друмски велосипедизам во Салцбург, Кириенка бил изненадувачки шести на хронометарската трка. Во 2007 и 2008 година, тој возел за руско-италијанската професионална континентална екипа Тинкоф Кредит Системс. Кириенка ја освоил првата национална титула во хронометар во 2002 година. Првично бил насочен кон велодромските дисциплини, каде ја освоил бодовната трка на Светското првенство во 2008 година. Подоцна во сезоната, Кириенка ја освоил етапата 19 на Џиро д’Италија, планинска етапа до Презолана, откако го поминал денот во напад и забележувајќи над шест и пол часа на седиште. Ги нападнал останатите шест члена на бегството на подножјето на искачувањето Монте Пара за победа со разлика од над четири минути.[4] Кејс д’Епарњ (2009–2012)![]() Кириенка преминал во шпанската екипа Кејс д’Епарњ за сезоната 2009. На 23 мај 2011 година, во текот на Џиро д’Италија 2011, колегата на Кириенка Хавиер Тондо починал во бизарна случка во неговиот дом додека се подготвувал да тренира со колегите. Бил згмечен помеѓу неговиот автомобил и вратата од гаражата.[5] Пет дена подоцна, Кириенка возел за победа во солонапад на дваесеттата етапа, планинска завршница до Сестриере, каде ја посветил етапната победа на Тондо, покажувајќи кон небото кога поминал на целта.[6] Екипата разгледувала опција да се повлече од трката по смртта на Тондо, но возачите едногласно гласале да продолжат.[7] Кириенка изјавил дека екипата на Џиро се надевала да добие уште една етапна победа (бидејќи победата на Франсиско Вентосо била пред смртта на Тондо) во негова чест.[8] Во септември 2012 година, Кириенка завршил трет на индицидуалниот хронометар на Светското првенство.[9] Тим Скај (2013–2020)![]() Кириенка го напуштил Мовистар Тим на крајот на сезоната 2012 и му се приклучил на Тим Скај со тригодишен договор од сезоната 2013.[10] Во мај 2015 година, Кириенка го освоил поединечниот хронометар]] на Џиро д’Италија, кој бил долг 59,5 километри.[11] Во јуни 2015 година го освоил поединечниот хронометар на воведните Европски игри во Баку.[12] На 23 септември 2015 година, Кириенка победил на поединечниот хронометар на Светското првенство во Ричмонд.[13] Кириенка бил знаменосец на родната Белорусија на церемонијата на отворање на Летните олимписки игри 2016 во Рио де Жанеиро, каде што настапил на хронометарската трка; завршил на 17. место. Во октомври настапил на истата дисциплина на Светското првенство во ДОха, каде го освоил сребрениот медал – со што се стекнал со еден медал од сите бои во неговата кариера.[14] Во јануари 2020 година, Кириенка се повлекол од спортот поради повторливи „срцеви проблеми“.[2] Достигнувања
Распоред на резултатите на големите трки
СО = се откажал; — = не учествувал Наводи
Надворешни врски
|
Portal di Ensiklopedia Dunia