Роан Денис
Роан Денис (англиски: Rohan Dennis; р. 28 мај 1990)[3] — австралиски професионален друмски велосипедист, кој моментално вози за UCI World Tour екипата Џамбо-Висма.[4] Денис е роден, пораснат и живее во Аделаида, во сојузната држава Јужна Австралија, Австралија.[5] Ги освоил поединечните хронометри на светските првенства во 2018 и во 2019 година.[6] КариераРана кариераДенис ја започнал својата кариера со насока на велодромски велосипедизам и бил дел од австралиската репрезентација која освоила шест медали во екипна потера на Летните олимписки игри 2012.[7] Гармин-Шарп (2013–14)Се приклучил на Гармин-Шарп во 2013 година[8][9] и го имал своето деби на Тур де Франс, повлекувајќи се од трката пред деветтата етапа.[10] Во 2014 година, Денис завршил втор зад Бредли Вигинс на Трката околу Калифорнија, откако завршил втор зад Вигинс на хронометарот. Го повторил второто место на хронометарот на Комонвелтските игри зад Алекс Даусет.[11] БМЦ Рејсинг Тим (2014–18)Во август 2014 година, Денис направил редок трансфер на средина на сезоната во екипата Ванти-Груп Гобер.[12] Го освоил Светското првенство во екипен хронометар со новата екипа. ![]() На 8 февруари 2015 година поставил нов часовен рекорд од 52,491 километар, надминувајќи го рекордот на Матијас Брендле за над 600 метри.[13] Рекордот стоел до 2 мај 2015 година, кога бил срушен од британскиот возач Алекс Даусет.[14] Денис бил избран во составот на екипата за Тур де Франс 2015 како поддршка за Тиџеј ван Гардерен.[15] Го освоил поединечниот хронометар на првата етапа, забележувајќи просечна брзина од 55,446 км/ч и станал првиот носител на жолтата маичка на Тур.[16] Со овој резултат поставил нов рекорд за просечна брзина на поединечен хронометар на Тур де Франс.[17] Го освоил медалот Сер Хјуберт Оперман и трофејот за најдобар велосипедист од Австралија во 2015 година.[18] Бил именуван во почетниот состав за Џиро д’Италија 2017[19], меѓутоа го напуштил Џиро на четвртата етапа по здобиените повреди при пад на втората етапа. Подоцна, на Вуелта а Еспања 2017, Денис ја поминал прв целта како дел од составот на БМЦ за победа на воведниот екипен хронометар на трката, со што ја освоил водечката црвена маичка и станал прв Австралиец да води на трката од Мајкл Метјус во 2014 година.[20] На Џиро д’Италија 2018, Денис бил тесно поразен на воведниот хронометар од Том Димулен. Меѓутоа ја презел розовата маичка на втората етапа откако освоил временски бонус на средниот спринт. Со тоа, станал првиот Австралиец кој водел на Џиро од Сајмон Кларк во 2015 година и трет Австралиец кој ја носел водечката маичка на сите три големи трки, по Бредли Мекги и Кедел Еванс.[21] Тргнал за победа на хронометарот на етапата 16, завршувајќи ја трката на 16. место, 56 минути и 7 секунди зад победникот Крис Фрум.[22] Кога ја освоил првата етапа на Вуелта а Еспања 2018 станал 95. возач во историјата, кој освоил најмалку една етапа на сите три големи трки и 15. возач кој освоил поединечен хронометар на секоја голема трка.[23] Го освоил и хронометарот на етапата 16 и ја напуштил трката веднаш потоа за да се подготвува за Светското првенство во Инсбрук, каде ја освоил хронометарската трка со над една минута пред бранителот на титулата Том Димулен од Холандија.[24] Исто така, му помогнал на БМЦ да дојде до бронзата во екипниот хронометар. На крајот на 2018 година, освоил две големи австралиски награди: Спортист на годината од Австралискиот спортски институт и медалот „Хуберт Оперман“, кој го освоил и во 2015 година.[25] Бахрен-Мерида (2019)Во август 2018 година било објавено дека Денис ќе се приклучи на Бахреин-Мерида во 2019 година со двегодишен договор, заедно со колегите од БМЦ, Дамијано Карузо и Дилан Тенс.[26] На 18 јули 2019 година се откажал од Тур де Франс 2019 во текот на етапата 12. Причината за откажување не била наведена.[27] Подоцнежните извештаи означиле дека неговото откажување било поради фрустрација од обезбедената опрема од екипата.[28] Во интервју, кое го дал во јануари 2020 година, Денис изјавил дека го напуштил Тур поради неговото психичко здравје поради тешкотии со екипата и бидејќи се плашел дека ќе има ефект на неговиот брак.[29] На 25 септември 2019 година, Денис возел првпат по напуштањето од Тур де Франс, освојувајќи го златниот медал во поединечниот хронометар на Светското друмско првенство во Јоркшир.[6] Денис возел неозначен велосипед од брендот БМЦ на настапот на првенството, наместо предвидениот бренд Мерида. Неколку дена подоцна, неговата поранешна екипа Бахреин-Мерида потврдиле дека обострано го раскинале договорот со Денис на 13 септември.[28] Тим Инеос (2020–2021)На 9 декември 2019 година било објавено дека Денис ќе се приклучи на Тим Инеос за сезоната 2020.[30] Следниот месец Денис изјавил дека ги напуштил своите обиди да стане фаворит за генерален пласман на големите трки; наместо тоа, ќе се насочи на помали етапни трки и ќе работи како помошник на големите трки.[29] На Џиро д’Италија 2020, Денис доста придонел кон победата на трката на неговиот совозач Тео Гејган Харт со импресивните потези на етапата 18 (Стелвио) и етапата 20 (Сестриере). На етапата преку Стелвио ја освоил наградата Чима Копи, бидејќи бил прв кој го поминал врвот како највисоко искачување на трката. Тим Џамбо-Висма (2022–денес)На 1 септември 2021 година било објавено дека Денис ќе се приклучи на Џамбо-Висма во 2022 година со двегодишен договор;[31] претходно во кариерата тој бил член на Рабобанк Континентал Тим, откако Рабобанк бил претходно име на Џамбо-Висма.[32] На неговата прва трка во годината го освоил неговото четврто национално хронометарско првенство.[33] Водел на Тур де Романди четири дена, пред да падне на осмото место на последната етапа која била поединечен хронометар, губејќи повеќе од две минути во однос на крајниот победник Александар Власов.[34] Личен животВо мај 2017 година, партнерката на Денис, велосипедистката Мелиса Хоскинс, ја објавила веридбата на двојката како и нејзиното повлекување од трките.[35] Се венчале во февруари 2018 година.[36] Хоскинс се породила истата година со првото дете, син, две и пол седмици откако Денис го освоил првото светско хронометарско првенство.[37] Семејството живее на повеќе места, како Жирона, Ла Масана и Аделаида.[35] Достигнувања
Распоред на резултатите
Распоред на резултатите на првенствата
СО = се откажал; — = не учествувал; НСО = не се одржала Наводи
Надворешни врски
|
Portal di Ensiklopedia Dunia