Селско врапче
Селско врапче или полско врапче (науч. Passer montanus) — врапчевидна птица од семејството на врапчињата, која има богатокостенливи круна и тил и црна дамка на секој од чисто белите образи. Распространето е низ умерена Евроазија (вклучувајќи ја и Македонија) и југоисточна Азија, и е населено низ многу места во светот, вклучувајќи ја и САД, каде е познато како евроазиско полско врапче или германско врапче, за да се разликува од тамошното, американското селско врапче. ОписСелското врапче е околу 10% помало од градското врапче, долго 12.5 - 14 см, со распон на крилјата околу 21 см и тежина од 24 грама.[2][3] Нема изразен полов диморфизам, половите се исти. Кај возрасните, круната и тилот се богата костенлива боја, на белите образи имаат црна дамка во облик на бубрег, а црни се и: брадата, грлото и пределот меѓу клунот и грлото. Горните делови му се светлокафеави, избраздени со црни линии, а кафеавите крилја имаат две впечатливи тенки бели линии. Нозете се бледокафеави, клунот, пак, е синкав летно време, а црн зиме.[4] Шарите и боите на главата го прават овој вид лесно препознатлив, па дури и младенчињата, кои се исти, само малку побледи од возрасните.
Ова врапче нема вистинска песна, но неговата вокализација вклучува возбудени серии од цчип повици кои ги испушта неспарениот мажјак или оној што се додворува. Останатите чрчорливи повици се користат за комуникација, а во лет повикот е грубо тек.[3] Подвидови![]() Овој вид малку варира во својот надворешен изглед низ својот широк опсег. Се прифаќаат осум подвида, иако се предложени најмалку 15.[4][5]
ЖивеалиштеПокрај неговото научно име, Passer montanus (планинско врапче), овој вид не е типично планински и достига до 700 метри надморска височина во Швајцарија, 1.700 метри во северен Кавказ и 4.270 во Непал.[3][4] Во Европа, често се среќава на крајбрежните гребени, во празни згради, на врби крај бавни водотеци или во селски средини со малку дрвја.[3] Ова врапче претпочита да гнезди близу мочурливи предели, а избегнува интензивно обработувани земјоделски површини.[6] Кога ова, и поголемото градско врапче живеат во иста област, градското ги населува урбаните средини, а селското руралните.[4] Кога нема доволно дрвја, како во Монголија, на пример, тогаш и двете употребуваат човечки градби за гнездење.[7] Селското врапче е рурално во Европа, но е урбано во источна Азија, а во јужна и Средна Азија, двета вида може да се видат во градовите и селата.[4] Поведение![]() РазмножувањеСелското врапче достига полова зрелост на едногодишна возраст, а најчесто го прави своето гнездо во шуплина од старо дрво или карпа. Некои гнезда не се во дупки, но над нив има надвиснато кровче, од корења, гранка или тераса и сл. Користат и напуштени гнезда од големи птици, како што се: страчката, штркот.[8] белоопашестиот орел, орелот-рибар, црната луња или сивата чапја, а понекогаш им ги преземаат гнездата на птиците што гнездат во дупки или затворени гнезда, како селската, градската и бреговата ластовичка или пчеларката.[9] Паровите може да се размножуваат во изолација или во помали колонии, а прифаќаат и користат и куќички за птици. Гнездото го прават од сено, трева, волна и го постилаат со пердувчиња за подобра изолација. Несат 5-6 јајца, бели до светлосиви со многу шарки. Ги квачењеинкубираат обата родитела 12-13 дена. Пилињата се оперјуваат по 15-18 дена. Годишно имаат 2-3 легла.[2] ИсхранаСелското врапче се храни со семиња и жито, на земја, и претежно во јато со други птици, како градското врапче, зебите и стрнарките. Се храни со плевел, истурено жито, јаде од хранилки, особено кикирики, но исто така, се храни со безрбетници, особено за време на сезоната на парење, кога младенчињата им е потребна храна од животинско потекло; инсекти, стоногалки, пајаци и сл.[10] СтатусСелското врапче има голем, широкораспространет ранг, а бројот му е непознат, но може да се претпостави дека во Европа има околу 52–96 милиони поединци. Иако и трендот на пораст не е сигурен, но се верува дека не е во опаѓање, па заради ова на Црвениот список на МСЗП се смета за вид со најмала загриженост.[1] Галерија
Наводи
Надворешни врски
|
Portal di Ensiklopedia Dunia