Сиуански јазици
Сиуанските (или сиуанско–катобански) јазици се јазично семејство во Северна Америка чиишто говорници живеат претежно во Големата Низина, со помали заедници на исток. ИмеСтручњаците разликуваат две гранки: западни и источни сиуански јазици, наречени и „правилни сиуански“ и „катобански“ јазици. Други го ограничуваат името „сиуански“ само на западната гранка, а целото семејство го нарекуваат „сиуанско-катобанско“. ФонологијаВо стручната јавност постојат извесни анализи на сиуанско-катобанските јазици по историско-споредбени методи. Меѓу првите (и најтемелните) дела е она на Волф [1950-51]. Волф го реконструирал гласовниот систем на прасиуанските јазици, со подоцнежни исправки од Метјус (1958). Системот изгледа вака:
Реконструирани се и пет усни самогласки /*i, *e, *a, *o, *u/ и три носни самогласки /*į, *ą, *ų/. Волф реконструирал и некои согласни групи /*tk, *kʃ, *ʃk, *sp/. Односи со другите јазициМожеби најсроден јазик на ова семејство е изолатот Јучи. Во XIX век, англискиот линвгист Роберт Латам ја изнел тезата дека сиуанските јазици се сродни на кадоанските и ирокеските јазици. Во 1931, Луис Ален го составил првиот список на систематски совпаѓања во збир од 25 лексички единици од сиуанските и ирокеските јазици. Во 1960-тите и 1970-тите, Волес Чејф поподробно ја истражил врската помеѓу сиуанските и кадоанските јазици. Во 1990-тите Маријан Митан направила споредба на морфологијата и синтаксата на сите три семејства. Денес оваа хипотеза за „макросиуанските јазици“ не се смета за докажана, а сличностите помеѓу овие семејства може да се должат на тоа што нивните прајазици биле во јазичен сојуз.[1] Наводи
Библиографија
Надворешни врски
|
Portal di Ensiklopedia Dunia