Струјните согласки (теснински, фрикативи или спиранти)[1][2] се согласки што се создаваат со истиснување на воздухот низ тесен премин кој се образува со приближување на два органи на творба. Ова може да биде приближување на долната усна и горните заби (се добива [f]); задниот дел од јазикот и мекото непце (се добива [x]) или страничниот дел од јазикот и катниците (се добива велшкото [ɬ]). Овој силен тек на воздух се нарекува струење или фрикација. Еден подвид на струјните согласки се шушкавите (сибиланти). При создавањето на шушкава согласка, воздухот се истиснува како погоре, но јазикот е извиен по должината за да го спроведе воздухот до рабовите на забите. Такви примери се македонските гласови [s] (с), [z] (з), [ʃ] (ш) и [ʒ] (ж).
Шушкави струјни согласки
Сите шушкави согласки се преднојазични, но во тој опсег може да бидат забни, венечни, задновенечни или преднонепчени (свиени). Меѓутоа, на задновенечното место на творба, јазикот може да заземе неколку положби: засводена, рамна и врвеста. Сите тие имаат посебен симбол и назив. Прототипните свиени согласки се подјазични и преднонепчени, но обично се пишуваат со истиот симбол како врвнојазичните задновенечни согласки. Задновенечните и забните согласки може да бидат и врвнојазични или рамнојазични, но оваа разлика се означува со дијакритички знаци наместо со посебни симболи.
Средни нешушкави струјни согласки
Странични струјни согласки
Страничната струјна согласка како ll во велшкиот (на пр. Lloyd, Llewelyn, Machynlleth), како обезвученото 'hl' и звучното 'dl' или 'dhl' во неколку јужноафрикански јазици (како што се коса и зулу) и монголскиот.
Поврзано
Наводи
- ↑ Кепески, Круме (1990). Граматика на македонскиот литературен јазик (X. изд.). Скопје: Просветно Дело. стр. 61.
- ↑ „фрикатив“ — Лексикон на македонскиот јазик
Табелава содржи фонетски симболи што може да не се прикажат правилно кај некои прелистувачи. [Помош]
|
Онаму кајшто симболите се дадени во парови, „лев—десен“ претставува „безвучна—звучна“ согласка.
|
Исенчените полиња претставуваат неизводливи гласовни творби.
|
* Симболот го нема во МФА.
|