Венечна согласка (алвеолар)[1] — согласка која се создава со доближување на јазикот до или близу непчениот венец (лежиштата на горните заби). Овие согласки се изговараат со врвот на јазикот (наречени врвнојазични или „апикални“) или со рамниот дел на јазикот веднаш над врвот (наречени рамнојазични или „ламинални“). Врвнојазичната венечна творба честопати погрешно се нарекува забна бидејќи врвот на јазикот се доближува или ги допира забите. Меѓутоа, местото на творба се определува според најзадната допирна точка; тука завршува усната шуплина, и претставува нејзин звучен дел што им ја дава карактеристичната боја на согласките.
Меѓународната фонетска азбука (МФА) нема посебни симболи за венечните согласки. Истиот симбол се користи за сите преднојазични места на творба што не се палатализирани (омекнати) како во македонското преднонепчено-венечнош или кај свиена согласка. За да се избегнат забуни, кај забна согласка може да се употреби „мост“ ([s̪,t̪,n̪,l̪] итн.) или долна црта ([s̠,t̠,n̠,l̠] итн.) за задновенечна согласка. Гласот [s̪] се разликува од забното [θ] по тоа што едната е шушкава, а другата не е. [s̠] се разликува од задновенечното [ʃ] (ш) по тоа што е неомекнато (непалатализирано).
Простите букви [s,t,n,l] итн. не мора строго да означуваат венечни гласови кај сите јазици. Некои јазици не ја прават таа разлика, како кога две или повеќе преднојазични места се среќаваат алофонски, а во други транскрипцијата е преопшта за да различи забни од венечни согласки. Доколку се јави потреба од означување на согласка како венечна, може да се искористи дијакритичен знак од дополнителнението на МФА : [s͇,t͇,n͇,l͇] итн. Сепак, самите симболи <s, t, n, l> честопати се нарекуваат „венечни“. Сите долунаведените примнери се венечни согласки.
Венечните или забни согласки [t] и [n] (заедно со [k]) се најчести согласки во светските јазици.[2] Меѓутоа, постојат мал број јазици што ги немаат. Неколку јаици на островот Бугенвил и околу Пижеовиот Проток како мачкиот немаат носни согласки, па така немат [n], но имаат [t]. Но разговорниот самоански нема ни [t] ни [n], иако има страничната венечна приближна согласка[l]. (самоанските зборови што се пишуваат со буквите t и n всушност се изговараат како [k] и [ŋ], освен при формално говорење.) Во литературниот хавајски, [t] претставува алофон на [k], но [l] и [n] се посебни.