Заднонепчени согласки (меконепчени или велари)[1][2] — согласки што се создаваат меѓу задниот дел од јазикот и задниот дел од непцето, т.е. мекото непце.
Бидејќи заднонепчениот дел на горниот дел од устата е релативно голем, а движењата на јазикот не се многу прецизни, заднонепчените согласки лесно претрпуваат едначење по звучност, поместувајќи ја творбата напред или назад, зависно од тоа какви се соседните самогласки. Честопати автоматски стануваат предни, т.е. делумно или целосно преднонепчени кога стојат пред предна самогласка и повлечени пред задни самогласки.
Палатализираните заднонепчени согласки (како /k/, мак.к) понекогаш се нарекуваат преднонепчено-заднонепчени („палатовелари“).
Многу јазици имаат и лабијализирани заднонепчени согласки, како што е [kʷ], каде творбата е дополнета со заоблување на усните. Постојат и усненозаднонепчени согласки како [k͡p], што се создаваат со двојна творба: со задниот дел на непцето и со усните. Оваа разлика отсуствува кај приближната согласка[w], бидејќи лабијализацијата подразбира придодавање на уснена приближна творба во звукот. Оваа ситуација меѓународно се нарекува „лабиовелар“.
Заднонепчената согласка [k] е најзастапена согласка во светските јазици.[5] Единствените јазици без заднонепчени согласки (и воопшто, без среднојазични гласови) се шавантскиот и тахитскиот. Меѓутоа, постојат други јазици што немаат прости заднонепчени согласки. Особина на многу јазици од северозападното тихоокеанско крајбрежје на Северна Америка е изгубеното историско *k, кое со време се палатализирало и станало [kʲ], но во други јазици, како саничкиот, салишкиот и чемакумскиот истиот станал [tʃ]. (По истиот процес, историското *k’ станало [tʃʼ], а историското *x станало [ʃ]; не постоеле *g и *ŋ.) Меѓутоа, сите три јазика сепак имаат лабијализирана низа [kʷ],[kʼʷ],[xʷ],[w], како и ресична низа.
Наводи
↑Кепески, Круме (1990). Граматика на македонскиот литературен јазик (X. изд.). Скопје: Просветно Дело. стр. 65.