Преднонепчените согласки (тврдонепчени или палатали)[1][2] се согласки коишто се создаваат со доближување на главнината на јазикот до тврдото непце. Кога врвот на јазикот се доближува до непцето свртен наназад, добиената согласка се нарекува свиена (ретрофлекс).
Особености
Најчест вид на преднонепчени согласки е сеприсутната приближна согласка[j] (ј), која се вбројува во десетте најзастапени гласови во светските јазици. Носната согласка[ɲ] (њ) е исто така честа, и се јавува во околу 35% од јазиците,[3] но, за разлика од македонскиот, во највеќето нејзината еквивалентна препречна согласка не е [c] (ќ), туку слеаната[t͡ʃ] (ч). Само неколку јазици во северна Евроазија, Америка и средна Африка ги разликуваат преднонепчените избувни од задновенечни слеани согласки - како македонскиот, унгарскиот, чешкиот, словачкиот, латвискииот, турскиот и албанскиот.
Согласките со други главни творби можат да се палатализираат (омекнуваат)[4], каде површината на јазикот се доближува до тврдото непце. На пример, македонското [ʃ] (ш) има таков предонепчен дел, иако главната творба се образува со ставање на јазикот на горното непце (оваа творба се нарекува преднонепчено-венечна или „палатоалвеоларна“).