Скандинавски Планини
Скандинавските Планини или Сканди (швед. Skanderna, Fjällen или Kölen[3], фин. Köli, норв. Kjølen[4]) — планински венец што се протега долж Скандинавскиот Полуостров. Западните падини нагло се спуштаат во Северното и Норвешкото Море, образувајќи ги познатите норвешки фјордови, додека пак североисточнит дел благо се свива кон Финска. На север ја образуваат границата помеѓу Норвешка и Шведска, сепак достигнувајќи 2.000 м кај поларникот. Венецот само малку навлегува во Финска (крајниот северозападен дел), но во најсеверниот дел кај Северниот ‘Рт венецот се состои само од ридови. Планините не се многу високи, но на места се мошне стрмни. Највисока е Галхепинген (2469 м) во јужна Норвешка. На шведската страна, највисока е Кебнекајсе (2104 м), а во Финска највисока е Халти (1328 м). Во подрачјето има многу ледени полиња и ледници благодарение на северната географска положба и влагата од Северниот Атлантски Океан. Скандинавскиот планински систем сочинува геолошка целина со планините во Шкотска, Ирска и, преку Атлантикот, со Апалачките Планини во Северна Америка. Стручњаците сметаат дека тие образувале еден венец пред разделувањето на суперконтинентот Пангеја. Сегашните планини се остаток од т.н. „Каледонски“ планини од тоа време кои со време се намалиле на една петтина од нивната првобитна височина поради ерозија. Ова е еден од најстарите постоечки планински венци во светот. Највисоки планини во НорвешкаОд 10-те највисоки планини во Скандинавија (истакнатост поголема од 30 м), 6 се наоѓаат во округот Оплан, Норвешка. Останатите 4 се во подрачјето на Согн и Фјуране, исто така во Норвешка. Во Норвешка има 83 врвови над 2.200 м во височина.
Највисоки планини во ШведскаВо Шведска има 12 врвови над 2.000 м во височина[5] Осум од нив се наоѓаат во националниот парк Сарек и соседниот национален парк Стура Шефалет. Останатите четири се сместени посеверно, во подрачјето на Кебнекајсе. Сите имиња се лапонски, но во повообичаениот шведски облик.
Други планини во Шведска познати по скијање и планинарство:
Највисоки планини во Финска
Највисоката независна истакнатост во Финска се наоѓа во Тајваскеро. Наводи
|
Portal di Ensiklopedia Dunia