Кобилица (планински врв)
Кобилица — врв на Шар Планина. Висок е 2528 метри[1] и се наоѓа во централниот дел на главниот шарпланински срт кој ја формира македонско-косовската граница. Позат е по својота остра пирамидална форма и карпестиот гребен Трескавец на западната страна од врвот. МестоположбаПоврзан е со Црн Врв на североисток преку кобиличкиот премин (2.170 м), а на запад сртот продолжува кон карпестиот гребен на Трескавец, па потоа кон преминот Љубински уши и врвот Вртоп. ИзгледОпишувајќи ги врвовите на Шар Планина во својата книга Материјали по изучувањето на Македонија, македонскиот револуционер Ѓорче Петров за Кобилица запишал дека е стрмен, совршено мазен правилен конус, до самиот врв покриен со зелени тревници[2]. Изгледот на овој врв, иако опфаќа величествен планински поглед на предели и пејзажи, не е толку значителен како од врвот Љуботен, бидејќи го ограничуваат врвовите коишто го опкружуваат[2]. Кобилица во целина плени со својата убавина и правилна форма а кај планинарите влева и стравопочит со неговите остри и карпести страни. Го нарекуваат уште и Тетовски Матерхорн, како споредба со познатиот Матерхорн на Алпите. Се гледа од Тетово и од Призрен. ИскачувањеВрвот е најпогоден да се искачува по планинарска високогорска патека од две страни, и тоа од источниот гребен, или од кобиличкиот премин. Северната и јужата страна на врвот се премогу стрми, а искачувањето од западната карпеста страна е можно само со алпинистичка опрема, во погодни временски услови. Исклучително опасно е искачување во зимски услови заради можноста од лавина или лизгање. Галерија
Наводи
|
Portal di Ensiklopedia Dunia