Натпреварите во скелетон на Зимските олимписки игри 2014 се одржаа на ледената патека Санки во близина на Краснаја Полјана, Русија. Беа одржани натпревари во машка и женска конкуренција од 13 до 15 февруари 2014.[1] Ова било шести пат како скелетонот бил дел од официјалната програма на Зимските олимписки игри.
Распоред на натпреварување
Распоред на одржување на натпреварите во двете дисциплини.[2]
Саатницата е по месно време (UTC+4).
Датум |
Време |
Дисциплина
|
13 февруари |
11:30 |
Жени поединечно прва и втора трка
|
14 февруари |
16:30 |
Мажи поединечно прва и втора трка
|
Жени поединечно трета и четврта трка
|
15 февруари |
18:45 |
Мажи поединечно трета и четврта трка
|
Преглед на медали
Табела на медали
Освојувачи на медали
Квалификации
На олимпискиот турнир во скелетон учествуваат вкупно 50 натпреварувачи, 30 во машка и 20 во женска конкуренција. Системот на квалификации се заснова врз основа на пласманот на ранг листите од сезоната 2013/14.[3] Секој потенцијален учесник во машка конкуренција морал да биде пласиран меѓу првите 60 на светската ранг листа, односно во женска конкуренција пласман во првите 45. Услов бил и учество на минимум 5 различни трки на 3 различни патеки во тековната и минатата сезона.
Земји учеснички
Настапиле 47 натпреварувачи од 17 земји. Бројот на натпреварувачи по земја е напишан во заграда.
Наводи