Нордиска комбинација на Зимските олимписки игри 2014
Нордиската комбинација на Зимските олимписки игри 2014 била одржана на комплексот за скијачки скокови Рускије горки. Трите дисциплини се одржале од 12 до 20 февруари 2014 година.[1] Распоред на натпреварувањеРаспоред на одржување на натпреварите во трите дисциплини.[2] Саатницата е по месно време (UTC+4).
Освојувачи на медалиТабела на медали
Дисциплини
КвалификацииВкупно 55 места биле достапни на натпреварувачите во нордиска комбинација на овие игри. Од еден Национален олимписки комитет можеле да учествуваат максимално 5 натпреварувачи. За да имаат право да учествуваат, натпреварувачите морале да имаат освоено бодови на светските или континенталните купови за време на квалификацискиот период од јули 2012 до 19 јануари 2014. Најдобрите 55 натпреварувачи на светската ранг листа се квалификувале за олимпиското натпреварување (почитувајќи го правилото по 5 натпреварувачи од секој НОК).[3] Земји учесничкиСе натпреварувале вкупно 55 спортисти од 15 земји. Бројот на натпреварувачи по земја е означен во заградите. Наводи
|
Portal di Ensiklopedia Dunia