Селото се споменува во турските пописни дефтери од 1467/68 година, како дел од нахијата Калканделен (Nahiye-I Kalkandelen) под името Ислатина со 64 семејства, 4 неженети и 4 вдовици, сите христијани.[2]
Според турски документи од 1628 година село Ислатине се наоѓало во вилаетот Калканделен (Тетово) и било населено од 39 семејства (домаќинства).
На пописот од 2002 година, селото имало 4.112 жители, од кои 11 Македонци, 4.018 Албанци, 7 Роми, 1 Србин и 75 останати.[6]
Според последниот попис од 2021 година, во селото живееле 3.198 жители, од кои 3.125 Албанци, 6 Роми, 2 останати и 65 лица без податоци.[7]
На табелата е прикажан националниот состав на населението низ сите пописни години:[8]
Година
Македонци
Албанци
Турци
Роми
Власи
Срби
Бошњаци
Ост.
б.п.
Вкупно
1948
—
—
—
—
—
—
—
—
—
1.628
1953
112
1.605
1
—
—
1
...
5
—
1.724
1961
88
1.870
46
...
...
—
...
4
—
2.008
1971
85
2.591
22
—
...
—
...
9
—
2.707
1981
61
3.326
2
11
—
—
...
22
—
3.422
1991
48
5
—
5
—
1
—
—
—
59
1994
39
3.834
—
18
—
1
...
1
—
3.893
2002
11
4.018
—
7
—
1
—
75
—
4.112
2021
—
3.125
—
6
—
—
—
2
65
3.198
Родови:
Родот Тркаљач (49 куќи) доселени во почетокот на XIX век од селото Топојане, кое се наоѓа во областа Љума, северна Албанија.[9]
Родови
Слатино е македонско-албанско село.
Според истражувањата од 1947 година, родови во селото се:
Македонци:Урошовци (18 к.) најстари селски доселеници. Доселени се од некое село во Овче Поле. Имаат иселеници во Лешок, Тетово (четири семејства), Туденце, Теарце, Белград (едно семејство) и во Бугарија (едно семејство); Ѓоровци (1 к.) потекнуваат од домазет кој дошол од соседното село Варвара. Таму припаѓале на родот Коачовци, подалечно потекло имаат од областа Љума во северна Албанија.
Албанци:Нузолар (18 к.), Акуље (11 к.), Адиловци (5 к.), Канче (16 к.), Топал (7 к.), Шкунделер (10 к.), Одолар (6 к.), Масалари (17 к.), Ибишовци (26 к.), Идризолар (17 к.), Амоќе (6 к.), Мале Зи (3 к.), Ајрадиновци (3 к.) нивното потекло е од северна Албанија, од Топојани во Љума, Малесија, итн. Некои од овие родови припаѓаат на фисот Красниќи; Рамадановци (6 к.), Имеровци (10 к.), Меметовци (47 к.), Кољовци (14 к.), Салепчи (3 к.) и Кољовци (14 к.) нивните куќи се наоѓаат во торбешкото маало. Нивното потекло е торбешко. Порано зборувале на македонски. Како место на потекло го наведуваат некое место Ќафа во Албанија, да не Ќафа кај граничниот премин во струшко?.[10]
Општествени установи
Самоуправа и политика
Избирачко место
Во селото постојат избирачките места бр. 2017, 2018, 2019 и 2020 според Државната изборна комисија, сместени во просториите на основното училиште.[11]
Покрај наведените иселеници при описот на родовите, се знае и за следните иселеници од селото. Шоповци (4 к.) се иселиле во селата Лешок и Ратае. Нивното потекло било од Сириниќ во Косово. Богојевци (2 к.) се иселиле во Лешок и Теарце. Салија (1 к.) Албанец, се иселил во селото Непроштено.[10]
↑„Оваа категорија опфаќа лица коишто учествуваат во вкупното резидентно население, но поради нивно одбивање да бидат попишани, неможност да бидат најдени на својата адреса на живеење и непотполност во работата на попишувачите не биле официјално попишани, туку за нив податоците биле преземени од административни извори и затоа не учествуваат во изјаснувањето за етничка припадност, вероисповед и мајчин јазик (Прочитајте повеќе...).“
↑Население на Република Македонија според изјаснувањето за етничката припадност, по населени места, според пописите на население 1948, 1953, 1961, 1971, 1981, 1991, 1994 и 2002 година (согласно територијалната организација од 1996 година). База на податоци МАКСтатАрхивирано на 10 декември 2021 г.. Државен завод за статистика.
↑Албанците во Македонија само од 1780 година, д-р Ристо Ивановски, Битола, 2014 г., 12 стр.
↑ 10,010,1Трифуноски, Јован (1976). Полог. Белград: САНУ.