Селото Доброште е 15 км оддалечено од Тетово. Сместено е на надморска височина од 494 м. Има над 3500 жители.
Историја
Според турски извори, селото датира од 1453 година. Во 1953 година во селото е откриен сад со 782 венецијански, 6 бугарски, 4 хрватски и 265 српски пари скриени околу 1311 г. и се чуваат во Музејот во Белград[2]. Албанците од Доброште дошле од Дебар и Љума[3].
Селото се споменува во турските пописни дефтери од 1467/68 година, како дел од нахијата Калканделен и имало 160 семејства, 10 неженети и 21 вдовица, сите христијани.[4]
Во османлиските даночни регистри на немуслиманското население од вилаетот Калканделен од 1616-1627 година се споменува како село Добреште со 89 домаќинства.[5]
Легенда за името на селото
Heкој пути селово наше (се мисли на Непроштено) било триесет и осом куќи. И ка била битката на Косово, ка се тепале на Косово, ка проаѓала воjcкa овде натамо, имало војска тамо много. Турците, овja не знаеле и некоа баба од овдека ги излажала.
- Ал, има тамо војска?
- Нема - рекла.
И Овj'a тамо посрадале војската. И Когaj посрадала тамо, еден се повратил, рекол:
- Бабата што излажала, никако да не ѝ е простено Heјзe!
И затоа останало Непроштено. Тоа го рекол TOJ ШТО ГО излажала,
офицерот. Kej ишал натамо Kej Доброште, тамо нешто добро му казале и затоа се вика Доброшт— селото. Вратница се вика зашто Kej ишле натамо се повратиле туека[6].
Според пописот од 2002 година Доброште има 3.549 жители, од кои: 345 Македонци, 3.160 Албанци, 2 Турци, 3 Срби, 1 Бошњак и 38 останати.[10]
Според последниот попис од 2021 година, во селото живееле 2.649 жители, од кои 288 Македонци, 2.308 Албанци, 1 Турчин, 12 Срби и 40 лица без податоци.[11]
На табелата е прикажан националниот состав на населението низ сите пописни години:[12]
Година
Македонци
Албанци
Турци
Роми
Власи
Срби
Бошњаци
Ост.
б.п.
Вкупно
1948
—
—
—
—
—
—
—
—
—
1.726
1953
354
1.314
150
36
—
21
...
1
—
1.876
1961
332
1.688
29
...
...
10
...
9
—
2068
1971
334
2.308
—
—
...
6
...
4
—
2.652
1981
363
2.944
—
1
—
10
...
21
—
3.339
1991
365
—
—
—
—
12
...
2
—
379
1994
332
2.916
—
—
—
12
...
3
—
3.263
2002
345
3.160
2
—
—
3
1
38
—
3.549
2021
288
2.308
1
—
—
12
—
—
40
2.649
Родови
Доброште е македонско-албанско село.
Според истражувањата од 1948 година, родови во селото се
Македонци:
Миланчевци (3 к.)староседелци. Го знаат следното родословие: Стеван (жив на 75 г. во 1948 година) Стојко-Димо, Димо отишол во скопското село Кондово, па се вратил назад во селото. Имаат многу изумрени родови.
Поповци (2 к.)староседелци. Од овој род потекнувале селските свештеници.
Дуковци (4 к.)староседелци. Имаат иселеници во Тетово (едно семејство).
Василевци (1 к.)староседелци. Имаат иселеници во Ратае.
Димишовци (1 к.)староседелци. Имаат иселеници во Тетово (едно семејство) и во Скопје, Ѓорче Петров (едно семејство).
Симуновци (7 к.) не се знае дали се староседелци или доселеници со непознато потекло.
Крагулевци (13 к.) доселени се од денес албанското село Котлина кај Качаник во Косово. Го знаат следното родословие: Софро (жив на 45 г. во 1948 година) Зако-Петко-Синадин, еден од првите доселеници.
Јанчевци (9 к.) доселени се од соседното село Јелошник. Таму се викале Јаноќеј и биле староседелци.Го знаат следното родословие: Милан (жив на 32 г. во 1948 година) Спасо-Димитрија-Јане.
Рајковци (4 к.) исто потекло како и претходниот род.
Деримановци (1 к.) исто потекло како и претходниот род. Доселени се овде една година после родот Грапцевци.
Албанци:
Пржаљ (6 к.), Читак (5 к.), Татар (3 к.) и Сакалар (3 к.) потеклото на овие родови е турско. Порано зборувале турски, но мешајќи се со Албанците сега целосно го заборавиле турскиот јазик, и зборуваат само албански. Првиот род е најстар муслимански род во селото.
Ченан (4 к.), Первизе (34 к.), Тркаљач (5 к.), Рустемлар (11 к.), Прењас (15 к.), Фиде (14 к.), Парлапан (8 к.), Дибран (7 к.), Љури (9 к.), Булице (6 к.), Исеновче (4 к.), Чолаке (4 к.), Муљак (3 к.), Доќе (3 к.), Авдиљче (4 к.), Муноќе (4 к.), Диналар (4 к.) и Бојдане (6 к.) на сите овие родови потеклото им е од северна Албанија, некои од родовите имињата ги носат по областите од кои дошле (Дибре, Љури, итн.). Некои од родовите се доселени овде преку околните села, во Македонија и во Косово.[13]
Општествени установи
Во селото има основно училиште (ОУ "Фаик Коница") и спортски терени изградени од странска хуманитарна помош.
Џамијата е стара околу 350 години и црквата Св. Јован Крстител со интересна градба е доста постара. Над неа се наоѓа уште една малечка црква посветена на Св. Никола. Од вкупно пет, моментно има само една добро сочувана воденица, која сè уште работи, отсликувајќи дел од минатите времиња.
Самоуправа и политика
Културни и природни знаменитости
Црквиште - археолошко наоѓалиште од доцниот среден век
Над селото, на Шар Планина се наоѓаат две леднички езера:
Јонуз Јусуфов (роден во Првце, живеел во Доброште) - арнаутско-качачки бандит криминалец, главен преводник на сардисувањето на Лешочкиот манастир во 1905 година
Освен споменатите иселеници при описот на родовите, се знае и за други иселеници од селото. Гогоевци се иселени во Русе во Бугарија. Таму отишле во турско време. Чукаловци, они се изумрени, а само еднo нивнo семејство е иселенo во Тетово. Анѓелковци изумреле целосно во селото. Русевци се иселиле целосно во Бугарија и на други места. Душан (1 к.) се иселил како домазет во селото Беловиште. Реџо (1 к.) Ром. се иселил во Беловиште.[13]
↑„Оваа категорија опфаќа лица коишто учествуваат во вкупното резидентно население, но поради нивно одбивање да бидат попишани, неможност да бидат најдени на својата адреса на живеење и непотполност во работата на попишувачите не биле официјално попишани, туку за нив податоците биле преземени од административни извори и затоа не учествуваат во изјаснувањето за етничка припадност, вероисповед и мајчин јазик (Прочитајте повеќе...).“
↑Население на Република Македонија според изјаснувањето за етничката припадност, по населени места, според пописите на население 1948, 1953, 1961, 1971, 1981, 1991, 1994 и 2002 година (согласно територијалната организација од 1996 година). База на податоци МАКСтатАрхивирано на 10 декември 2021 г.. Државен завод за статистика.
↑ 13,013,1Трифуноски, Јован (1976). Полог. Белград: САНУ.