Сливенски манастир
Сливенски манастир „Св. Никола“ (грчки: Μονή Αγίου Νικολάου Σλίβενης или Κορομηλιάς) — манастир кај селото Сливени, Костурско, Егејска Македонија.[1] Влегува во состав на Костурската епархија на Цариградската патријаршија.[1] Изворно ѝ припаѓал на Охридската архиепископија. Манастирот е сместен северно од Сливени, на левиот брег на Желевска Река, во западното подножје на планината Саракина Основан е во 1716 г. од мoнахот Мелетиј како наследник на византискиот манастир „Св. Архангели“ кој се наоѓал на север, во клисурата на Сливени.[1] Се смета дека за време на Охридската архиепископија во манастирот имало духовно училиште со интернат. Кон почетокот на 1870-тите костурскиот владика Никифор ги уништил сите словенски ракописи во манастирот.[2] За време на Грчката вооружена пропаганда во Македонија (1904 - 1908) манастирот, под раководство на погрчениот игумен, станал прибежиште за грчките андарти што војувале со четите на МРО. Затоа, на 8 март 1905 г. е изгорен од македонски чети, а игуменот Антим и монахот Дамјан Х. Тоскос се погубени.[3][4] Од манастирот останал само еден сребрен кивор со мошти на Свети Никола и други светци, кој денес се чува во Чуриловскиот манастир.[5] За одмазда, во мај истата година грчките чети го нападнале соседното македонско село Жупаништа.[1][6] ПоврзаноЛитература
Наводи
|
Portal di Ensiklopedia Dunia