Саракина (планина во средишно Костурско)Оваа статија се однесува на планина западно од Костурското Езеро. За онаа јужно од езерото, погл. Саракина (планина во јужно Костурско).
Саракина (Апоскепска Планина или Света Троица; грчки: Σαρακήνα, Απόσκεπος или Αγία Τριάδα) — ниска планина во Костурско, Егејска Македонија. Висока е 1.384 м.[1] ОписПланината е сместена во средишниот дел на Костурско, над западниот брег на Костурското Езеро и градот Костур. Ова е долга и тесна планина, во насока северозапад-југоисток, и е дел од Нередска Планина (Вич). Од неа на север е одвоена на висина од 940 м[1] со Апоскепска Река, која тече на југоисток кон езерото реката Лута, која тече на северозапад кон Бистрица (Рулска Река). На запад, југозапад и југ достигнува до реката Бистрица и клисурата Берик. Во северното поножје е селото Апоскеп, во јужното се Сливени и Жупаништа, Орман и Ново Жупаништа. Преку седло кај селото Мањак се граничи со Црна Планина. На картата на Кондогонис (1910 г.) планината се води под името Саракина,[1], а истото го спомнува и патешественикот Франсоа Пуквил во 1806 г.[1][2] На картата на австроунгарскиот генералштаб планината исто така е под името Саракина (Sarakina). На картите на Грчката военокартографска служба од 1934 и 1945 г. врвот е посочен како Апоскеп (Απόσκεπος). На следните карти на истата служба, тој се прикажува како Агија Триас (Αγία Τριάς). Картите на Националната статистичка служба на Грција (НСС) од 1963 и 1983 г. го споменуваат како Апоскеп (Απόσκεπος). На старите карти неговата височина се води како 1.387 .[1] Карпите на планината се варовнички. Костурското Езеро е вклучено во мрежата на заштитени подрачја „Натура 2000“ и е утврдено како важна зона за птиците.[1] Врвот може да се искачи од точка на патот (940 м) малку на север од с. Апоскеп на 880 м или од Жупаништа на 700 м во траење од 2 ⁄1 часа.[1] ВрвовиОва се врвовите на Саракина, подредени по висина:[1]
ПоврзаноНаводи
|
Portal di Ensiklopedia Dunia