Џорџ Паџет Томсон
Сер Џорџ Паџет Томсон (англиски: Sir George Paget Thomson 3 мај 1892 — 10 септември 1975) бил англиски физичар и добитник на Нобеловата награда за физика заедно со Клинтон Дејвисон за откритието на брановите својства на електронот прекеу електронска дифракција.[1][2] Образование и младостТомсон се родил во Кембриџ, Англија, син на физичар и нобеловец, Џозеф Џон Томсон и Роуз Елизабет Паџет, ќерка на Џорџ Едвард. Томсон одел на училиште во "The Perse School", Кембриџ, пред да почне да учи математика и физика во Кембричкиот колеџ, сè до избувнувањето на Првата светска војна во 1914, кога бил овластен во „Вест Сари“. По некое време во Франција, тој работел на аеродинамика во Фарнборовиот аеродром и на друго место. Тој поднел оставка од комисијата како капетан во 1920. КариераПо подолго време работа во Првата светска војна Томсон станал соработник во Кембриџ и потоа се преместил во Абердинскиот универзитет. Џорџ Томсон бил заеднички награден со Нобеловата награда за физика во 1937 за неговата работа во Абердин за откритието на брановитите својства на електронот. Наградата ја поделил со Клинтон Дејвисон, кој независно дошол до истото откритие. Со оглед на тоа што неговиот татко го сметал електронот за честичка (со што ја добил неговата Нобелова награда во процесот), Томсон демонстрирал дека може да биде расеан како бран, откритие кое го докажало принципот на двојна природа, бран и честичка, кој првпат бил утврден од Луј де Број во 1920-те како што е често нарекувана, де Броева хипотеза. Во 1930 бил назначен за професор во Лондонскиот кралски колеџ на местото на Хју Календар. Во крајот на 1930-те и за време на Втората светска војна Томсон станл стручњак за јадрена физика, фокусирајќи се на практични воени апликации. Поточно, Томсон бил претседател на клучниот комитет "MAUD" во 1940-1941 кој заклучил дека атомската бомба била изводлива. Подоцна во животот тој продолжил да работи на јадрената енергија, но исто така пишувал дела за аеродинамиката и вредноста на науката во општеството. Томсон бил во Кралскиот колеџ сè до 1952, кога станал магистер во Кембричкиот колеџ. Во 1964, колеџот го наградил неговиот труд со Џорџ Томсонова градба, дело на модерната архитектура на Лекхемптоновиот кампус во Кристиевиот колеџ. Награди и почестиПокрај Нобеловата награда за физика, Томсон бил прогласен за витез во 1943. Тој ја дал адресата „Две гледишта на науката“ како претседател на британската асоцијација во 1959–1960.[3] Личен животВо 1924, Томсон се оженил со Кетлин Бјукенан Смит, ќерка на Џорџ Адам Смит. Тие имале четири деца, два сина и две ќерки. Кетлин починала во 1941. Наводи
Надворешни врски
|
Portal di Ensiklopedia Dunia