Сонце (астрологија)![]() ![]() ![]() Сонцето во астрологијата претставува централна точка, тоа го симболизира центарот на сѐ што постои околу личноста. Според положбата на Сонцето во хороскопот го дознаваме и времето во кое лицето се родило. Ако Сонцето се наоѓа над Хоризонтот, каде што се сместени од 1-та до 7-та хороскопска куќа (или хороскопски полиња) преку 10-та, тогаш лицето е родено дење. Доколку Сонцето се наоѓа под Хоризонтот, каде што се сместени од 1-та до 7-та хороскопска куќа (или хороскопски полиња) преку 4-та, тогаш лицето е родено ноќе. Во случај Сонцето да се наоѓа точно на Асцендентот тогаш моментот на раѓање е во зора, ако се најде точно на Десцендентот, се работи за залез, на точката Medium Coeli (или „Средина на Небото“ - 10-поле), тогаш лицето е родено на пладне, а ако Сонцето се најде точно на точката Imum Coeli (или „Дното на Небото“ - 4 поле), тогаш лицето е родено на полноќ. Кога кажуваме дека некое лице е Овен во хороскоп, тоа значи дека Сонцето во моментот на раѓање се наоѓало во зодијачкиот знак Овен итн. Симбол на Сонцето е еден круг со точка во центарот, што претставува заокруженост, единство и целосност. Во астролошка смисла, Сонцето претставува свест за себе, за своето его, волјата за живот. Тоа укажува на делот од судбиата кој го создаваме самите. Тоа е рационален дел од човекот. Преку позицијата на Сонцето во хороскопот можеме да ги опишеме сите важни луѓе во нашиот живот: таткото, шефот, секоја личност која ја сметаме за некаков авторитет, а во женскиот хороскоп тоа ќе го претставува и сопругот. Симболика на Сонцето на психолошко нивоСонцето во астролошка смисла на психолошко ниво го означува следново: его и свест за себе, самодоверба, самоостварување, водство, желба за моќ, амбиција, достоинство, великодушност, креативност, творештво, организираност, творечка моќ, личност, репутација, важност, лојалност, екстраваганција, тежнеењето на личноста, каде и на кој начин сака да заблеска. Конструктивни одлики на СонцетоСонцето во астролошка смисла ги има следните конструктивни (позитивни) одлики: верност, способност, совесност, сила, волја, сигурност, независност, оптимизам, доверба, просперитет, виталност, просветлување, чесност. Деструктивни одлики на СонцетоСонцето во астролошка смисла ги има следните деструктивни (негативни) одлики: свртеност кон себе, фалбаџиство, деструктивност, егоизам, доминирање, агресивност, неспособност, надуеност. Симболика на Сонцето на објективно нивоЖивотниСонцето ги претставува слените животни: лав, пантер, леопард, сокол, петел, паун, орел, коњ, рис, дива свиња, славејче, лебед. РастенијаСонцето ги претставува следните растенија: врба, рузмарин, маслина, палма, пченка, сончоглед, невен, портокал, ориз, грејпфрут, грозје, камилица, лимон, лаванда, орев, лоза. БоиСонцето ги претставува следните бои: пурпурна, златна, портокалова, сина, виолетова. ОрганиСонцето ги претставува следните органи кај човекот: срце, очи, артерии, десната страна од телото, мозок, нерви, ‘рбет, тимус, десен тестис. Ден во седмицатаСонцето го претставува следнот ден: недела. Минерали и металиСонцето ги претставува следните минерали и метали: злато и сите сјајни материи кои во себе содржат светлост. Скапоцени камењаСонцето ги претставува следните скапоцени камења: дијамант, рубин, хризолит. Познати личностиСонце во ОвенОваа позиција укажува на личност која е дисциплинирана и борбена.
Сонце во БикОваа позиција укажува на личност која е конзервативна, заштитничка, ги сака недвижностите.
Сонце во БлизнациОваа позиција укажува на личност која е брзоплета, талентирана за јазици и општо за комуникации.
Сонце во РакОваа позиција укажува на личност која е неодлучна, фина, чувствителна, со слободен хумор.
Сонце во ЛавОваа позиција укажува на личност која е супериорна во однос на другите, независна, праведна.
Сонце во ДевицаОваа позиција укажува на личност која е премногу склона кон анализирање, незадоволна, но со нагласен интелект.
Сонце во ВагаОваа позиција укажува на личност која има префинет стил, често со убав надворешен изглед но исто така и неодлучна.
Сонце во СкорпијаОваа позиција укажува на личност која е нетолерантна и не признава грешки, знае лесно да урива но и да гради.
Сонце во СтрелецОваа позиција укажува на личност која е лојална, интуитивна, го сака спортот, религијата и филозофијата.
Сонце во ЈарецОваа позиција укажува на личност која е резервирана, конструктивна, упорна, фаталистички настроена.
Сонце во ВодолијаОваа позиција укажува на личност која има чудни идеи, друштвена е, има многу пријатели и често е неконзервативна.
Сонце во РибиОваа позиција укажува на личност која е срамежлива, трпелива, њубезна, понекогаш е многу чувствителна и губи чувство за реалност.
Надворешни врски
|
Portal di Ensiklopedia Dunia