Список на македонски филмови понудени за номинација за ОскарПредлошка:Список на македонски филмови ![]() Република Македонија понудува филмови за номинација за Оскар за најдобар странски филм од 1994 година. Наградата се доделува секоја година во САД, од страна на тамошната Филмска Академија, за долгометражен филм продуциран надвор од САД, кој содржи дијалог што примарно припаѓа на не-англиското говорно подрачје.[1] Самата награда е индуцирана на доделувањето на Оскарите во 1956 година, кога Наградата на Академијата за врвно достигнување (Academy Award of Merit) - подоцна преименувана во Оскар за најдобар странски филм - за првпат предвид ги зема и странските филмови.[2] До 2008 година, само еден македонски филм - Пред дождот на Милчо Манчевски - има добиено номинација за Оскар, но ниту еден македонски филм ја нема добиено и самата награда.[3] Манчевски е и единствениот режисер со два филмови понудени за номинација - неговиот трет филм Сенки ѝ беше понуден на Академијата по повод 80тото доделување на Оскарите, но истиот не влезе меѓу петте номинирани.[4][5] ПонудиАкадемијата за филмска уметност и наука има отворена покана кон филмските индустрии на многу земји кои смеат да понудат само по еден филм како натпреварувач за номинација за Оскар за најдобар странски филм.[2] Потоа, Комитетот за доделување на Оскарот за најдобар странски филм (The Foreign Language Film Award Committee) ги рецензира сите понудени филмови. Веднаш потоа, следи тајно гласање преку кое се одредуваат петте номинирани филмови за наградата.[1] Следи список на македонските филмови понудени за номинација за Оскар за најдобар филм од странско говорно подрачје. ПоврзаноБелешки
Надворешни врски
|
Portal di Ensiklopedia Dunia