Лотар I
![]() Лотар I (средновековен латински и холандски: Lotharius; германски: Lothar ; француски: Lothaire; италијански: Lotario) (795-29 септември 855) ― император (817–855, совладеел со својот татко до 840 година), и управник на Баварија (815-817), крал на Италија (818-855) и Средна Франција (840-855). Лотар бил најстариот син на каролиншкиот император Лудвиг Побожниот и неговата сопруга Ерменгарде Есбајеска,[1] ќерка на Ингерман, војводата на Есбаје. Во неколку наврати, Лотар ги повел своите полноправни браќа Пипин I Аквитански и Лудвиг Германски во бунт против нивниот татко за да протестираат против обидите да го направат нивниот полубрат Карло Ќелавиот сонаследник на франкиските поседи. По смртта на таткото, Карло и Лудвиг ги здружиле силите против Лотар во тригодишна граѓанска војна (840-843). Борбите меѓу браќата ја децентрализирале Франкиската Империја, составена од нивниот дедо Карло Велики, и преку власта во своите земји, ги поставиле темелите за развој на современа Франција и Германија.[2] Смрт и последици![]() Во 855 година, тој сериозно се разболел, и очајувајќи се да се опорави, се откажа од престолот, ги поделил своите земјишта на тројцата синови и на 23 септември влезе во манастирот Прим, каде што починал шест дена подоцна. Тој бил погребан во Прим, каде што биле пронајдени неговите останки во 1860 година. Токму во Прим, Лотар најмногу бил е запаметен.[3] Истата година, Лотаровото кралство било административно поделено меѓу неговите тројца синови во договор наречен Примски договор: најстариот, Лудвиг II, ја добил Италија и титулата император; вториот, Лотар II, ја примил Лотарингија; најмладиот, Карло, ја доби Прованса. НаводиЦитати
Извори
Надворешни врски |
Portal di Ensiklopedia Dunia