Спомени, биографии, архивски материјали и печат за Јане СанданскиСпомени на Јане Сандански![]() ![]() Спомените на Јане биле објавени на бугарски јазик [1], а подоцна биле преведени на македонски јазик [2][3]. Овие спомени настанале со примена на диктатот како методски пристап кон земање на сеќавања, односно со усно диктирање на запишувачот. Јане своите спомени му ги изнел на бугарскиот филолог Љубомир Милетиќ во неколку наврати, непосредно по неуспешниот крај на Илинденското востание, почнувајќи од 14 јануари 1904 година. Во предговорот кон објавените спомени, Милетиќ пишува: по неговиот неупсешен крај (Илинденското востани б.н) и Сандански времено се прибира во Софија. Тогаш се запознав со него. Почнувајќи од 14 јануари 1904 г., тој неколкупати доаѓаше кај мене да му запишам спомените [4]. Спомените на Јане биле објавени од страна на Милетиќ во 1927 година по смрта на Сандански, во серијата книги со наслов Материјали за историјата на македонското ослободително движење, во книга VII, заедно со спомените на Христо Чернопеев, Иван Анастасов - Грчето, Петар Јуруков и Никола Пушкаров. Спомените на Сандански се однесуваат на неговиот живот и дејност од раѓањето до крајот на Илинденското востание. Овие спомени се чист историографски текст, без присуство на литературното, што е честа и карактеристична појава на ваквиот вид публикувани текстови [5]. Тие се резултат на тоа што раскажувањето е поминато низ филтерот на еден запишувач, кого го интересирала исклучиво историографската страна [5]. Раскажувањето на Јане е канализирано од самите барања на Милетиќ. Спомените на Јане нудат богати историски податоци од најразличен карактер. Тие се кратки по обем, меѓутоа содржат богат и автентичен изворен материјал од биографски карактер за Јаневиот животен пат, одделни настани и личности од поновата македонска историја, како незаменлив историски извор од прва рака [5]. Јане во своите раскажувања не прави екскурзии надвор од својот животен пат. Исклучиво се држи за него и во тој делокруг, соопштува повеќе историски податоци за настаните во кои учествувал и личностите со кои имал контакти. Во одделни делови од спомените, Јане е многу прецизен, наведувајќи точни датуми и временски точно ги лоцира настаните [5]. Сеќавањата на истакнатите македонските револуционерни водачи даваат податоци од биографски и тематски карактер. Ако се анализираат спомените на Сандански може да се заклучи дека тие на прв поглед изгледаат дека се поважни за афтобиографското прикажување на животот и дејноста на овој револуционер, меѓутоа тие се подеднакво значајни и за проучувањето на македонското национално-ослободително движење [5]. Во предговорот за спомените на Јане, како и во другите случаи, Љубомир Милетиќ не можел да се ослободи од своите погледи за целото македонско револуционерно движење. Отука, тој прави обид да ги наметне своите претстави за ликот и карактерот на дејноста на овој македонски водач [5]. Притоа, колку повеќе се обидува да дава коментари за Јане, Милетиќ сè повеќе запаѓал во пристрасност [5]. Тој го карактеризира Сандански со следниве зборови:
Осврт на неколку дела![]() ![]() Јане Сандански како еден од главните двигатели на македонското револуционерно движење во голема мера го привлекол вниманието на македонската и странската историографија, особено бугарската. Тој како револуционер и човек оставил длабоки траги во македонската и балканската стварност и силно ехо кај неговите следбеници [7]. За неговиот живот и револуционерна дејност се објавени повеќе дела во македонската и странската историографија. За Јане пишувале и неговите најблиски соработници во нивните спомени. Името и делото на Јане се содржи во разни документи, заеднички усвоени програми, решенија, писма, кои можат да послужат како изворен материјал за историјата на Македонија и Сандански [7]. Во текот на Јаневата револуционерна активност биле печатени повеќе весници кои биле органи на неколку организации и политички партии: Револуционерен лист, Конституциона зора, Македонски глас и др. За состојбите во Македонија била заинтересирана и европската јавност, отука многу странски новинари доставувале повеќе извештаи за случувањата во Македонија. Меѓу нив се нашол и рускиот публицист Василиј Василевич Водовозов кој дал една објективна оценка за Јане Сандански. Водовозов патувал низ Балканот и неколкупати ја посетил Македонија (1904, 1909, 1913), како новинар, уредник на надворешно-политичките рубрики во неколку руски списанија и весници. Овој руски публицист пишувал за национално-револуционерните движења. Во 1916 година, Водовозов објавил статија за Јане Сандански која всушност била првата поцелосна биографија за овој македонски великан [7][8]. Василиј Василевич Водовозов преку контактите и непосредните среќавања со Јане Сандански, дал осврт со големо разбирање за дејноста на Старикот. Водовозов успеал да ги опфати сите поважни настани од Јаневата револуционерна дејност, а особено се интересни податоците кои ги пренесува за средбата меѓу Јане и Хилми Паша во текот на Младотурската револуција. Бугарскиот автор Христо Константинов (Христо Калајџиев) во 1939 година во Софија ја објавил книгата Старика, во која објективно и научно ја доловил историската вистина и автентичност на ликот и делото на Јане [9]. Ова дело на Константинов било издадено со средства и по барање на ВМРО (Обединета), македонска национално-ослободителна организација. Авторот имал за цел, да не се заборави револуционерната активност на Јане Сандански и истакнува:
Во 1946 година во Софија, Павел Делирадев ја објавил книгата Јане Сандански, која била кратка но издржана биографија за овој македонски револуционер [10]. Делирадев објавил дотогаш непознати факти, впрочем тој можел да го стори тоа зошто бил соидејник и соработник на Јане Сандански. Со новите истражувања, современите историчари корегираат по нешто од Делирадевите истражувања за Јане [7]. Бугарската историографија до 1948 година поинаку ги изнесувала нештата за Јане и целото македонско револуционерно движење [7][11], додека денес бугарските историчари поинаку ги толкуваат тие документи [7]. Во врска со позицијата на Македонија по Берлинскиот конгрес и дејството на Сандански, бугарскиот историчар изјавил дека таква била волјата на европската дипломатија, застанала еднодушно против руските предлози и надежите на македонскиот народ. Една друга монографија од релативно поново време е онаа на Јордан Анастасов објавена во Софија - Јане Сандански, Биографичен очерк. Јордан во своето дело користи селектирани документите и и видливи се еностранични интерпретации и премолувања [7]. Овој автор намерно прескокнал и испуштил делови од Јаневите искажувања, наспроти тоа Анастасов цитирал врховистички искази и прикажува како Јане да бил предрасположен за прифаќање на балканските војни. Според овој автор, Јане сандански бил поборник на бугарштината во Македонија. Анастасов, намерно или не, заборавил да ги спомене оние барања на Јане кои пледирале да се зацврсти свеста сред македонските маси дека тие се самостоен народ на Балканот и имаат право на самостоен живот [12]. Во 1972 година во Софија, Илија Филјанов ја објавил својата книга под наслов По стапките на Јане - Пиринскиот орел. Авторот на ова дело на многу популарен начин го прикажал животот на Јане. Филјанов ја романтизирал, фолкоризирал и ја дополнил со географски, поетски и други парафразирања. Во оваа дело се дадено многу фотографии и биографски податоци за соработниците на Јане. Кога Филјанов говори за Македонската револуционерна организација, ја прикажува како таа да била организација на Јане Сандански. Овој автор, како и многумина други кои твореле во Бугарија, случајно или намерно, опишал и воспевал личности и места, но ја одбегнал револуционерната дејност на Јане Сандански за слободна Македонија [7]. Сличо вакво дело било објавено во 1968 година во Софија под наслов Јане Сандански од авторот Миладина Апостолов. Ова дело е романизирана биографија на Јане. делото е поделоно на четири дела со многу подзаглавија во кои авторот споил повеќе раскази за Јане и неговите блиски. Во делото има повеќе фотографии, оригинални писма, испраќани до соидејците на Македонската револуционерна организација, но овие писма се прополовени и парафразирани [7]. Во делото се дадени кратки биографии на некоил личности. Според некои истражувачи, оваа книга нема научен карактер [7]. ![]() ![]() По создавањето на современата македонска држава, македонската историографија обрнала внимание на историската личност на Јане Сандански. За неговата револуционерна дејност биле публикувани повеќе статии и прилози во кои биле анализирани одделни проблеми од дејноста на Јане или пократки биографии за неговиот живот и револуционерна активност. Такви прилози има од Манол Пандевски - Јане Сандански, Скопје, 1968, која претставува кратка но интересна Јанева биографија. Пандевски е автори и на статијата Јане Сандански во македонското ослободителното движење објавена во Гласник на ИНИ, XVI, 2. Скопје, 1972 [13]. Овој македонски научник ја открил и првата биографија на Јане објавена од Водовозов, објавена во списанието Историја (VI, 2. Скопје, 1970). Во нив се откриваат важни моменти од животот на Јане Сандански. Димитар Митрев во студијата Јане Сандански - доследен стратег на македонската самобитност [14] ја изнесува националната и револуционерната борба на Јане за ослободување на Македонија. По повод 34 - годишнината од смрта на Јане Сандански, Мито Хаџи Василев напишал реферат под наслов Животот и делото на Јане Сандански [15] во кој Јане бил окаркатеризиран како крупна фигура на македонското револуционерно движење. Анастас Митрев во прилогот За личноста и делото на Јане Сандански го определува местото на Јане како организатор, револуционер и политичар, во историјата на македонското револуционерно движење [7]. Во 1974 година, Александар Трајановски објавил библиографски прилог за Јане во кој прегледно се дадени објавените трудови и прилози на македонските научници за Сандански [16]. По повод 60-годишнината од убиството на Јане Сандански во организација на Институтот за национална историја од Скопје на 3 и 4 ноември 1975 година во Струмица се одржал научен собир на тема: Јане Сандански и македонското национално-ослободително движење. На собирот биле поднесени реферати и соопштенија кои подоцна биле поместени во истоимен зборник [17]. Во текот на 80-тите години на 20 век биле објавени повеќе статии и публикации за ликот и делото на Јане, меѓу нив се: Јане Сандански и просветното дело во Македонија од Христо Тасев [18], Јане Сандански во светлината на реалистичката револуционерност [19], Моменти од дејноста на Јане Сандански во 1910 година од Манол Пандевски [19] и др. Во 1987 година во Софија било објавено едно интересно дело под наслов: За слобода и совршенство. Биографија на Јане Сандански од Марша Макдармат [20][21]. По падот на комунизмот и прогласувањето на независната македонска држава, македонските и бугарските историчари и понатаму продолжија да го истражуваат животот и дејноста на овој македонски револуционер. Во текот на 90-тите години на 20 век биле објавени повеќе публикации, меѓу нив се: Засекогаш во народното паметење : Јане Сандански во македонското народно творештво од Марко Китевски [22], Уникатен револуционерен праведник: црни историски датуми: кон 80-годишнината од убиството на Јане Сандански од Ванчо Меанџиски [22], Јане Сандански: 1872-1982 [23] и др. Во првата деценија на 21 век беа објавени повеќе интересни дела и други публикации кои во поголем или помал сегмент ја опфаќаат дејноста на Јане, меѓу нив се: Други раководители и истакнати дејци на МРО [24], Внатрешна македоно-одринска револуционерна организација. Војводи и раководители (1893-1934) [25], Македоно-одринското ополчение 1912-1913 [26], ВМРО во Пиринско 1919-1934 [27] и др. По повод 90 години од убиството на Јане Сандански во Скопје на 20 и 21 октомври 2005 година бил одржан научен собир под наслов: Јане Сандански и македонското ослободително дело, nа собирот биле поднесени реферати и соопштенија кои подоцна биле поместени во истоимен зборник, објавен во 2007 година [28]. Во овој научен зборник беа објавени неколку нови документи кои открија нови сегменти од револуционерната дејност на Јане кои дотогаш беа непознати во историската наука. Од овој зборник може да се издвои статијата Јане Сандански и посебноста на Македонија и Македонците од Ванчо Ѓорѓиев. Овој автор објавува повеќе документи и други пукликации повразни со дејноста на Јане. Меѓу нив е и натписот на д-р Карло Блинд објавен во лондонскиот Пал мал газета на 5 јули 1905 година. Во натписот, меѓу останатото, дознаваме дека:
Ако се анализираат бугарските публикации, од релативно поново време, може да се заклучи дека тие се контрадикторни и противречни. Речиси истовремено бугарските автори го оценуваат Јане како една од најспорните фигури во македонското ослободително движење, личност која е виновна за започнувањеата на физичките пресметки помеѓу македонските револуционери [30]. Бугарските автори незаборваат да му дофрлат: Дејноста на Јане роди (македонски б.н) национален сепаратизам, познат како македонизам, којшто дава отровни плодови и до денес [31]. Меѓутоа, бугарскиот историчар Цочо Билјарски има сосема различни погледи. Тој во предговорот на Јане Сандански: Спомени објавени во 2007 година истакнува: Децении веќе личноста и делото на бугарскиот револуционер Јане Сандански ја возбудува нашата и странската јавност. Неговото име се користи како знаме на антибугарската пропаганда, поради непознавањето не само на неговото дело, туку и на неговите спомени, како и на сеќавањата на неговите другари и соборци... Интересно во овој случај е дека еден од најкоравите и непопустливи Бугари, дисциплиниран до педантизам, ригорозен кон другите, но уште повеќе строго кон себе, стана знаме на антибугаризмот и на македонизмот [32]. Македонски глас![]() ![]() Во Македонски глас (Македонски голос), орган на приврзаниците на независна Македонија, го дознаваме вреднувањето на Јане од страна на македонската колонија во Санкт Петербург. Списанието било издавано од Димитрија Чуповски [33], а одговорен уредник бил И. П. Кулезнев. Во статијата под наслов Делото на Јане - не е македонско дело објавена во 11 број на Македонски глас напишана од авторот Стрезо (најверојатно псевдоним), се напаѓа дејноста на Јане Сандански, а од друга страна истотото списание во своите редови го брани Борис Сарафов [34], а Иван Гарванов го претставуваше како борец за независна Македонија [33]. Во споменатата статија било истакнато:
И покрај овие напади врз Сандански, Македонскиот глас и македонската колонија воопшто за Јане пишувала мошне позитивно сè до 1913 година, односно во 1913 година. Оваа противречност може да се објасни со политичките случувања на Балканот. Во текот на Првата балканска војна, рускиот печат (а во голема мера Македoнски глас го следел рускиот печат [35]) имал позитивни одзиви за активноста на Јане [35]. Тие руски одзиви нашле одзив и во Македонски глас. Меѓутоа, кога во рускиот печат се појавиле информации за амнестијата што Бугарија му ја дала на Јане, се променил односот на рускиот печат, а воедно и на Македонски глас, кон Јане Сандански. Кога кон крајот на 1914 година било јасно дека Бугарија ќе застане на страна на Германија и Австроунгарија, македонските дејци Крсте Петков Мисирков и Димитрија Чуповски (гледајќи надеж во руската политика) застанале на страната на оние што биле против Бугарија. Според Блаже Ристовски, македонската колонија, актот за амнестија на Бугарското собрание го разбрале како приконување на Јане кон бугарската политика [35]. Учеството на Јане во Втората балканска војна не било најдобро прифатено сред македонската колонија, тие имале поинаково мислење за балканските работи. За нив не била сосема јасна Јаневата мисија во Албанија [35]. Меѓутоа најзначајно било прашањето за Борис Сарафов. За македонската колонија во Санкт Петербург, како и за Мисирков и Чуповски, кои пишувале за Јане кон крајот на 1914 година (во последните два броја на Македонски глас), од особено значање бил фактот што на насловната страна на секој број од нивниот орган стоеле зборовите на Борис Сарафов:
Овие зборови биле изречени во 1901 година и имале широк одзив во европскиот печат, од каде што уредниците на Македонски глас ги презеле. За нив било особено важно што Борис Сарафов, во својство на претседател на ВМОК, ги помогнал Македонците од Македонскиот клуб од Белград и нивниот орган Балкански гласник, како и Македонците од Македонското научно-литературно другарство во Санкт Петербург кое го прифатило принципот за полна самостојност и јасна поставеност на македонското револуционерно движење врз македонска национална почва [35]. Отука, бил изграден односот кон Јане Сандански. Димитрија Чуповски и Крсте Петков Мисирков во своите статии, братоубиствата во македонското ослободително движење ги поврзале со дејноста на Јане [35]. Неколку романски документиАрхивските материјали од Романија потекнуваат од неколку богати фондови кои се наоѓаат во архивите во Букурешт. Дипломатскиот архив при Министерството за наворешни работи на поранешното Кралство Романија, поточно фондот под број 21, содржи голем број на документи, односно извештаи на романските претставници во Османлиското Царство - Битола, Солун, Цариград и други места, како и нивната коресподенција со споменатото министерство. Снимените материјали од овој фонд почнуваат од 1868 година и завршуваат во 1913 година [36]. Втор значаен фонд од каде што се снимени материјалите е архивскиот фонд на Министерството за просвета на Кралството Романија. Во овој фонд основна тематика е реманската и другите странски пропаганди во Македонија до 1918 година. Од овој фонд се снимени околу 13 000 документи [36]. Снимените материјали содржат податоци за историјата на македонскиот народ од повеќе аспекти [36]. Извештаите на романските дипломати даваат неколку информации за Јане Сандански. Романскиот амбасадор во Софија, во својот извештај од 30 јуни (12 август нов стил) 1908 година известува за несогласувањето помеѓу Јане и еден од неговите соработници, амбасадорот притоа истакнал дека идеите на Јане станувале се порадикални на социјален план. Во контекст на Македонија, според овој извештај, Јане барал широка автономија, меѓутоа во рамките на Османлиското Царство [37]. Во еден доверлил извештај од 20 август 1908 година на романскиот конзул од Солун, дознаваме за излегувањето на првиот број на Конституциона зора, орган на Македонско-одринската револуционерна организација, под водството на Јане и подготвен од револуционерните окрузи на Струмица, Солун и Сер [37]. Романскиот конзул во извештајот ги објаснува програмските цели на МОРО и пренесува една изјава на Јане: Отсега натаму ние сме борци со јасни идеи и принципи кои ќе ги заштитуваме со целата наша енергија [37]. Романскиот козул истакнал дека социјалните идеии кои ги сатапувале Јане и неговите приврзаници биле премногу радикални и посочил дека од програмата јасно се гледа тенденцијата за претворање на Османлиското Царство во федерална држава [37]. Д. А. Стурза, прв министер на романскиот министерски совет и истовремено-министер за надворешни работи, по добивањето на извештајот ја внел следнава забелешка:
Извештај за Јане дава и Л. Дума од 10 септември 1908 година со информација испратена до Д. А. Струза, минстер за просвета, по повод неговата посета на Власите на Балканот [37]. Дума заклучил дека влашкото население во Османлиското Царство од страна на младотурците било оценето како елемент на редот и мирот без многу политички желби и дека проблемот на рамноправноста на сите националности што живеат во Македонија бил потврден лично од Јане и неговите соработници: Тодор Паница, Павел Делирадев, Димитар Мирасчиев, со кои разговарал пошироко во Солун [37]. Во еден друг извештај, Дума известува за првиот атентат врз Јане Сандански и додава дека по неуспешниот атентат, Јане ја поднел кандидатурата во казата во Сер за изборите што требло да се одржат во Империјата [37]. Јон Папиниу, романски амбасадор во Цариград, на 12 јануари 1909 година испратил извештај до министерот за надворешни работи, како синтеза на политичките извештаи на романските кознули од Битола, Солун и Јанина. Во извештајот, било истакнадо дека Јане и неговите соработници ја продоложуваат револуционерната активнос, како што известува весникот Ени Аср што излегувал под редакција на Фазли Нагиб, информација што е потврдено и од романскиот конзул во Солун [37]. Во извештајот од 25 мај (7 јуни нов стил) 1909 година, Папиниу повторно известил за Јане и неговите соработници дека тие биле поддржувачи на тогашниот голем везир Хилми Паша, кој се обидувал да ги искористи недорзбирањата што постоеле меѓу политичките групации кои се појавиле по Младотурската револуција [37]. Јон Папиниу, врз основа на романскиот конзул од Солун, испратил извештај до министерството за надворешни работи, давајќи информации за конгресот на Народната федеративна партија под раководство на Јане Сандански нарекувајќи ја Национална федеративна партија [37]. Во извештајот била претставена и програмата на НФП во врска со административните, воените судските и финансиските реформи. Според Папиниу, предложените реформ биле замислени како прв чекор кон формирање на една Балканска федерација [37]. според романските извештаи, основачкиот конгрес на НФП бил свикан во Солун под водството на познатиот војвода Сандански:
Неколку британски податоциБританскиот дневен печат одиграл видна улога во запознавањето на британската јавност со македонското револуционерно движење, а поврзано со него и дејноста на Сандански. Најмногу информации за Јане се сретнуваат во познатиот британски независен весник Тајмс и либералниот орган на Дејли Њус (The Daily News) [40]. Ако се исклучат парцијалните сопшетнија за Јаневата активност пред, во текот и по Илинденското востание, најбројни се информациите од 1907 и 1908 година, додоека сооштенијата од 1914 и 1915 година се поретки [40]. Повеќе податоци се сретнуваат во неделникот Спектејтор (The Spektator) повторно во 1908 година, време кога револуционерната активност на Јане се нашла на пиедесталот на македонската борба [40]. Во британската патописна публицистика и литература од 1909 и 1910 година за Македонија и Османлиското Царство се сретнуваат интересни податоци за Јане. Особено е акцентирана неговата дејност во текот на Младотурската револуција и контрареволуцијата од 1909 година [40]. Во британските студии за македонското прашање и Македонија, соодветно место нашла улогата на Јане во македонското револуционерно движење. Во продукцијата од перидот меѓу двете светски војни на неговата дејност и е посветен нееднаков простор [40]. Во британскиот печат, публицистика и во студиите за македонското прашање и Македонија, се сретнуваат важни податоци за револуционерната активност, живот и личност на Јане. Тоа се осврти од различни периоди,, но сепак најмногу се од периодот околу Младотурската револуција. Информациите од периодот пред оваа спомената револуција осветлуваат некои сегменти од дејноста на Јане. Во некои публикации се определува реонот на дејствување на Јане, односно областа помеѓу Разлог и Мелник [41] каде што Јаневиот удел бил огромен во создавањето на оваа област во тврдина на македонската внатрешна револуционерна самодејност [40]. Особено е акцентирана улогата на Јане во грабнувањето на мис Стон. Во печатот и публикациите неговата улога е посебно потцртана. Кај некои автори неговиот потфат во аферата мис Стоун е детално изложена [42]. Јаневата борба со врховистите соодветно место нашла во британските публикации [43]. Слично е и со Јаневото учество во работата на Рилскиот конгрес и околиските конгреси. На 30 декември 1907 година, Тајмс објавил посебен прилог за убиството на Борис Сарафов, како и улогата на Јане во оваа ликвидација [44]. Српски дипломатски извориЦелокупната српска архивска дипломатска документација која се однесува на Сандански, според прашањата кои третира од неговата револуционерна и политичка активност, може да се подели на два периода: 1) на архивска и дипломатска документација, која ја следи неговата активност од 1905-1908 година, кога Јане Сандански веќе се етаблирал како главен борец против врховизмот на бугарскиот генерал Иван Цончев и неговите приврзаници, како и еден од столбовите на реформската струја на Македонската револуционерна организација 2) вториот период од 1908-1911 година, кога Јане преку Народната федеративна партија се обидува да ги спроведе своите идеии во политичкиот живот на македонскиот народ по Младотурската револуција [45]. За првиот период на активноста на Јане најмногу архивска граѓа се наоѓа во фондовите на дипломатското претставништво во Софија, а делумно во Политичкто одделение и Политичкото пропагандно одделение . За вториот период на Јаневата дејност најмногу архивска граѓа која која се наоѓа во Политичкто одделение и Политичкото пропагандно одделение [46]. Фондот на српскиот генерален конзул во Солун не е зачуван. Историчарите претпоставуваат дека овој фонд има најмногу податоци за револуционерната дејност на Јане во текот на Народната федеративна партија и неговата легална политичка активност во Солун [45]. Јане Сандански во грчката историографијаСлучувањата поврзани со Источна Румелија биле немил и обеспокојувачки преседан за грчката држава и кауза. Пред присоединувањето на оваа област кон Кнежевство Бугарија, некои градови во оваа бугарска област, како Пловдив, Стенимка, Несебар и други имале моќни грчки колонии, кои биле изгубени за грчката мегали идеја. Со појавата и развојот на македонското револуционерно движење, како и можноста Македонците да ја извојуваат својата национална слобода, биле загрозени последните грчки центри во источна Македонија: Сер, Мелник и др [47]. Отука, во повеќето случаи грчките митрополити, претставниците на Цариградската патријаршија и носители на грчката пропаганда во Македонија, наполно се идентификувале со пангрчките аспирации на Балканот и честопати македонското национално-ослободително движење го изедначувале со аспирациите на Бугарија кон Македонија и со бугарската пропаганда во Македонија. Овие тенденции во голема мера биле прифатени од грчките научници и историчари [47]. Отука, професорот на атинскиот универзитет Николас Влахос во својот труд Македонското прашање како фаза од Источното прашање секогаш кога пишува за настаните во Серско во постилинденскиот период, Јане го спомнува како водач на погромите против сè што е грчко [47]. Влахос во своето дело истакнува:
Во ист дух, во однос на дејноста на Јане и македонското револуционерно движење, пишува и Мелпомени Авгерину. Оваа авторка, која во голема мера е пристрасна, македонските чети ги именува како разбојнички и пишува за санданистички ѕверства на Јане против Македонците со грчка национална свест. Според Мелпомени: Кога некои бугарски селани со завист гледаат на благосостојбата на некој Грк, го наклеветуваат пред бандите на нивните сомисленици дека наводно има пари, а тие, напаѓајќи ноќе, ја ликвидираат целата фамилија. Слични се оргиите на Сандански [47]. Наспроти овие погледи, позитивна оценка за Јане Сандански како водач на македонското национално-ослободително движење во Серскиот револуционерен округ и како борец за македонската национална поединечност, наоѓаме во книгата Зад кулисите на КПГ од Елефтериос Ставридис. Во оваа дело отсуствува познатиот грчки шовинистички и омаловажувачки речник. Елефтериос Ставридис истакнува дека:
Јане Сандански во бугарската историографијаБугарската историографија го оценува Сандански како еден од најконтроверзните бугарски револуционери, кој првично бил деец на Врховниот комитет (1895 - 1901).[50][51][52] Подоцна, како деец на ВМОРО ја започнал братоубиствената војна и се залагал за создавање автономна власт во Македонија и Одринско.[53] Тој бил еден од основачите на Бугарското крило [54] на Народната федеративна партија во Турско. Во Бугарија се изнесува дека пред 1908 г. Бранислав Нушиќ во весникот „Политика“ го интервјуирал и опишал Сандански како Бугарин,[55] исто како и весникот „Вашингтон пост“.[56] Има броjни податоци, дека самиот тој се декларирал како Бугарин.[57]. Објаснувајки го својот идејал за слободна Македонија по повод окупацијата на Вардарска и Егејска Македонија од Србија и Грција, Јане Сандански рекол во 1913 година пред италијанскиот весник Секуло во Тирана:
. Извори
|
Portal di Ensiklopedia Dunia