Средно Шел
Средно Шел или Средно Село (грчки: Κεντρικό Βέρμιο, старо: Κεντρικό Σέλι) — поранешно село во Негушко, Егејска Македонија, на територијата на денешната општина Негуш на Солунскиот округ, Грција. Било населено со Македонци.[1] ГеографијаСелото се наоѓало високо во источните делови на планината Каракамен, југозападно од градот Негуш (Науса), меѓу селата Долно Шел и Горно Шел.[1] ИсторијаСелото зело активно учество во Негушкото востание во 1822 г.. При задушувањето на востанието, војската на Лобут-паша го срамнила со земја и тоа повеќе не било обновено како вистинско село. Летно време се користело од влашки сточари, но со замирањето на номадското сточарство и преселбата на Власите во градовите, и овие живелишта биле напуштени, и се користат во многу помала мера.[1] Наводи
|
Portal di Ensiklopedia Dunia