Ново Село (Негушко)За други истоимени места, погледајте Ново Село.
Ново Село (познато и како: Мустафа Агово Село или Ени Ќој; грчки: Αρχάγγελος, Архангелос; до 1926 година: Γενή Κιόι, Ениќој[2]; до 1940 година: Βάλτος, Валтос[3]) — село во Негушко, Егејска Македонија, дел од денешната Општина Негуш, во Централна Македонија, Грција. Географија и местоположбаСелото се наоѓа на 18 километри североисточно од градот Негуш и 20 километри југоисточно од Воден, на надморска височина од 12 метри.[4] Сместено е во Солунското Поле, на 3 километри југозападно од селото Пласничево. ИсторијаСелото до 1924 година било населено исклучително со македонско население.[4] По Првата светска војна, во 1924 година, во селото биле населени грчки бегалци. Во 1928 година, селото Ново Село претставувало мешана населба со 16 бегалски семејства со вкупно 63 жители.[5] Селото носело неколку имиња во минатото. Така, до 1926 година се нарекувало Ениќој (Γενή Κιόι), а до 1940 година се нарекувало Валтос (Βάλτος)[6], додека после тоа било повторно преименувано во Архангелос (Αρχάγγελος). СтопанствоБидејќи се наоѓа во полето, селото е многу богато, а обработливите површини, главно се насадени со овошни дрвја, кои даваат високи приноси, а земјиштето целосно се наводнува.[4] НаселениеВо 1900 година според Васил К’нчов („Македонија. Етнографија и статистика“) во селото Ново Село живееле 90 Македонци христијани.[4][7] По податоци на секретарот на Бугарската егзархија, Димитар Мишев („La Macédoine et sa Population Chrétienne“) во 1905 година, во Ново Село (Novo Selo) имало 90 Македонци.[8] Во 1913 година било забележано со 118, а во 1920 година со 119 жители, сите Македонци. По 1924 година тука биле населени и 65 бегалски жители, така што селото станало мешана населба, која во 1928 година имала 174 жители, во 1940 година 319, во 1951 година 346, во 1961 година 397, во 1971 година 367, во 1981 година 396, а во 1991 година 378 жители.[4] Во пописот спроведен во 2001 година, селото било попишано со 380 жители. Во најновиот спроведен попис од 2011 година во Грција, селото било забележано со 308 жители. Еве преглед на населението во сите пописни години, од 1940 г. до денес:
Самоуправа и политикаСелото припаѓа на општинската единица Иринуполи со седиште во селото Вештица Берска, која припаѓа на поголемата општина Негуш, во округот Иматија. Воедно, селото е дел од општинскиот оддел Горно Жервохор, во кој покрај Ново Село влегуваат и селата Горно Жервохор и Жервохор. Наводи
Белешки
|
Portal di Ensiklopedia Dunia