Голишани
Голишани или Голешани (грчки: Λευκάδια, Левкадија; до 1926 година: Γκολοσάνη, Γκολεσάνη, Γκολεσίανη, Голосани, Голесани[2]) — село во Берско, Егејска Македонија, дел од денешната Општина Негуш, во Централна Македонија, Грција. Географија и местоположбаСелото се наоѓа на шест километри од градот Негуш и сосема близу главниот пат кој води од градот Бер и Негуш за Вртикоп, на надморска височина од 90 метри.[3] Селскиот атар зафаќа површина од 9 квадратни километри. Сместено е во областа Сланица, во западниот дел на Солунското Поле, во подножјето на планината Каракамен (Негуш Планина или Дурла). ИсторијаКрај селото Голишани се наоѓаат урнатините на древномакедонскиот град Миеза. Околината има разни знаменити македонски гробници. Во 1877 г. данскиот археолог Карл Кинх ја открик Кинховата гробница источно од селото.[4][5][6] Во 1942 г. Хараламбос Макаронас западно од Кирхевата ја открил Гробницата на Лисон и Каликле.[7][8][9] Во 1954 г. источно од Кирхевата е откриена таканаречената Судна гробница.[10][11] Во 1971 г. Екатерини Ромиопупу западно од Судната ја открила Антемиската гробница.[12][13] Селото во постаро време било многу поголемо, но настрадало за време на Негушкото востание поради масовното учество на селаните на страната на востаниците. Селото настрадало при појавата на грчките андартски чети во областа.[14][15] Во 1920-тите години во селото биле населени понтски Грци, бегалци од Турција. Во 1928 година, Голишани претставувало мешана населба со 64 бегалски семејства со вкупно 242 жители.[16] И ова село, како и сите села во околината, до 1924 година била населено исклучително со македонско население.[3] Во 1926 година, селото било преименувано во Левкадија (Λευκάδια).[17] СтопанствоНаселението на селото, главно се занимава со земјоделство. Речиси сите обработливи површини се претворени во овоштарници од праски и јаболка, кои даваат високи приноси и убав квалитет.[3] Според некои претпоставки што се засновуваат врз истражувања се смета дека во атарот на селото има нафта, особено во близина на месноста Гимново, каде што се направени и опити за вадење на оваа течност.[3] НаселениеСпоред статистиката на Васил К’нчов („Македонија. Етнографија и статистика“) во 1900 година во Голишани живееле 50 Македонци.[3][18] По податоци на секретарот на Бугарската егзархија, Димитар Мишев („La Macédoine et sa Population Chrétienne“) во 1905 година во Голишани имало 128 Македонци.[19] За време на пописот од 1913 година, селото било забележано со 131, а во 1920 година со 118 жители. Поради плодноста на почвата, по 1923 година тука биле населени бегалски семејства, така што Голишани во 1928 година нараснало на 395 жители, во 1940 година било попишано со 598 жители, во 1951 година со 670, во 1961 година со 838, во 1971 година со 882, во 1981 година со 935, а во 1991 година 914 жители. Зголемувањето на бројот на жителите се должело на плодноста на земјата, чиј добар дел се наводнува од реката Арапица.[3] Во пописот спроведен во 2001 година, селото било попишано со 967 жители. Во најновиот спроведен попис од 2011 година во Грција, селото било забележано со 1.021 жител. Еве преглед на населението во сите пописни години, од 1940 г. до денес:
Самоуправа и политикаДо 1941 година се наоѓало во составот на Воденската околија, кога со наредба број 325 од 1941 година било одвоено од неа и приклучено на Негушката околија. Едно време претставувало самостојна општина. Селото припаѓа на општинската единица Антемија со седиште во селото Копаново, која припаѓа на поголемата општина Негуш, во округот Иматија. Воедно, селото е дел од општинскиот оддел Голишани, во кој е единствено село. Личности
Наводи
Белешки
|
Portal di Ensiklopedia Dunia