Старечки Дол (Опеница)

Старечки Дол

Карта

Местоположба 41°12′13″N 20°53′34″E / 41.20361°N 20.89278°E / 41.20361; 20.89278
Основни податоци
Место Опеница
Општина Охрид
Тип

 рудник  топилница


Период римско време
Портал „Археологија“

Старечки Долархеолошко наоѓалиште во охридското село Опеница. Претставува рудник со топилница од римско време.

Се наоѓаат северно од селото, на 14-тиот километар на патот Охрид - Ресен (A3), на околу 150 м северно од влезот во долот. На десниот брег се забележуваат рударски окна кои во периодот 1935-1938 г. биле испитувани од страна на една англиска експедиција.

Најдени се рударски алатки кои веројатно биле однесени во Англија. Подоцна, во 1952 г. се вршени истражувања и од страна на Геолошкиот завод на Македонија при што бил најден рударски чекан.[1]

Поврзано

  • Горно Село — средновековна населба
  • Лажиште - Вилипец — населба од римското време
  • Мадем — топилница од доцноантичкото време
  • Релејца — рударски јами од римското време
  • Требишки Рид — средновековна населба и некропола
  • Црвејнца — населба од неолитското време, некропола од хеленистичкото време и средниот век

Наводи

  1. Грозданов, Цветан; Коцо, Димче; и др. (1996). Археолошка карта на Република Македонија. Т. 2. Скопје: МАНУ. стр. 253-254. ISBN 9989-649-28-6.
Prefix: a b c d e f g h i j k l m n o p q r s t u v w x y z 0 1 2 3 4 5 6 7 8 9

Portal di Ensiklopedia Dunia

Kembali kehalaman sebelumnya