Опеница
Опеница (многу ретко се сретнува и како Опењца) — село во Општина Охрид, во околината на градот Охрид. Географија и местоположба![]() Ова село се наоѓа во североисточниот дел на Охридското Поле, во источниот дел на Општина Охрид, недалеку од патот Охрид-Ресен.[2] Селото е ридско, на надморска височина од 770 метри. Од градот Охрид селото е оддалечено 13 километри.[2] Селото е сместено во долината на Коселска Река, главно во горниот клисурест дел. Околу селото се наоѓаат ниви, шуми и ливади. Во минатото, мештаните со вода за пиење се снабдувале од бунари, бидејќи немало извори.[3] Денес, селото има изграден селски водовод.[4] Месностите во атарот ги носат следниве имиња: Баба, Краста, Маркоец, Марково Долче, Неолица, Кулица, Бигла и Осој.[3] Селото во основа има збиен тип. Одредени делови од селото се нарекуваат по родови, како што се: Атовци, Ристевци, Лавчевци, Николовци и други.[3] Атарот на селото Опеница граничи со атарите на следните села: од југ со селото Скребатно, од исток со селата Свиништа и Завој, од запад со селата Вапила, Сирула и Косел, и од север со селата Речица и Куратица. Историја![]() Поради неговата поволна положба, месноста на денешното село отсекогаш било населено. Подрачјето е населено уште од неолитот, за што сведочат наодите во месноста Црвејнца. Постарата населба се наоѓала во месноста Горно Село, источно од денешното село. Во близина е ридот Кулица. Доказ за староста на денешното село се и старите надгробни споменици, кои потекнуваат дури од средниот век.[3] Остатоци на старини се сретнуваат и во Црвејнца, кое е покрај реката. Таму се пронајдени стари гробови. На месноста Филипец, исто така, се пронајдени старини.[3] Горно Село претставувало мала населба, чии жители подоцна се спуштиле на денешната положба. Во тоа време, покрај долината на реката не постоел колски пат. Низ селото имало само патишта за товарен сообраќај, еден за селото Вапила и еден за селото Завој, тогаш сместено во близина на превојот Буково.[3] Во XIX век, Опеница било село во Охридската каза на Отоманското Царство. Во Илинденското востание, селото било запалено од страна на Турците. Во тоа време, мештаните престојувале на месноста Марково Долче, кон планинското село Куратица. По палежот, селаните се вратиле и направиле колиби.[3] Месноста Марково Долче, како и месноста Рашанец, биле издадени од страна на мештанинот Велјан Славески[5] на Турците, поради што се случил масакрот во Рашанец.[3] Фотографијата на Опеница, дело на францускиот фотограф Огист Леон од 1913 година претставува една од најстарите и најпознати фотографии во боја на македонските села.[6] Селото било уште еднаш запалено, на 12 декември 1944 година, од страна на германските војници, кои се повлекувале од Ресен спрема Охрид. Меѓу нив се наоѓале и албански балисти. Мештаните на Опеница, зимата ја поминале низ рамнинските охридски села.[3] Стопанство![]() Атарот зафаќа простор од 16,6 км2. На него преовладуваат шумите на површина од 604 хектари, на обработливото земјиште отпаѓаат 498 хектари, а на пасиштата само 42 хектари.[2] Селото, во основа, има полјоделско-шумарска функција.[2] До крајот на Втората светска војна, селаните се занимавале со сточарство и со земјоделство. Мештаните главно биле земјоделци, но во помала мера одгледувале стока.[3] Население
Во книгата „Етнографија на вилаетите Адријанопол, Монастир и Салоника“ се вели дека во 1873 г. селото имало 100 домаќинства и 295 жители.[7] Според податоците на Васил К’нчов („Македонија. Етнографија и статистика“) од 1900 година, во Опеница живееле 470 жители, сите Македонци.[8] Според егзархискиот секретар Димитар Мишев („La Macédoine et sa Population Chrétienne“), во 1905 година во Опеница имало 480 жители, под врховенството на Бугарската егзархија.[9] На Етнографската карта на Битолскиот Вилает од 1901 г. Опејница е претставено како чисто македонско село во Охридската каза на Битолскиот санџак со 60 куќи.[10] Според германска карта издадена во 1941 година, а заснована на пописот на Кралството Југославија од 1931 година, селото имало 600 Македонци.[11] Од ова село се иселил значителен број од населението и тоа преминало од средно во мало село по големина. Така, во 1961 година селото имало 681 жител, а во 1994 година бројот се намалил на 104 жители, македонско население.[2] Според пописот од 2002 година, во селото Опеница живееле 58 жители, сите Македонци.[12] Според последниот попис од 2021 година, во селото живеел 31 жител, од кои 26 Македонци и 5 лица без податоци.[13] Во табелата во продолжение е направен преглед на населението во сите пописни години:
РодовиОпеница е чисто македонско православно село. Сите родови во селото се староседелски.[3] Родови во селото Опеница се: Ристевци (8 к.), Калевци (4 к.), Амуровци (3 к.), Атовци (10 к.), Лавчевци (6 к.), Николовци (6 к.), Сидоровци (3 к.) и Нејчевци (3 к.), сите староседелски. За првите рода се смета дека се најстари. Општествени установи
Самоуправа и политикаСелото влегува во рамките на Општина Охрид, која била проширена при новата територијална поделба на Македонија во 2004 година. Во периодот од 1996 до 2004 година, селото било дел од некогашната рурална Општина Косел. Во периодот од 1965 до 1996 година, селото било сместено во големата општина Охрид. Во периодот од 1955 до 1965 година, селото било дел од тогашната општина Косел. Во периодот 1952-1955, селото било дел од тогашната Општина Косел, во која покрај селото Опеница, се наоѓале и селата Вапила, Горно Лакочереј, Долно Лакочереј, Завој, Косел, Куратица, Ливоишта, Орман, Плаќе, Расино, Речица, Свиништа Сирула. Во периодот 1950-1952, селото било седиште на некогашната општина Опеница, во која влегувале селата Завој, Куратица и Опеница. Избирачко местоВо селото постои избирачкото место бр. 1339 според Државната изборна комисија, сместено во месната заедница.[18] На претседателските избори во 2019 година, на ова избирачко место биле запишани вкупно 64 гласачи.[19] Културни и природни знаменитости![]()
Редовни настани
Личности
ИселеништвоПостари иселеници од Опеница има во Охрид (Радичовци), потоа во Свиништа (Аџиовци, 10 к.), Косел (Опеничани, 10 к.), Горно Лакочереј (Целевци, 2 к.). Во селото Велушина иселени се Милевци (15 к.), кои биле населени во куќите на иселените српски колонисти во текот на Втората светска војна. Сепак најмногу иселеници Опеница дало после Втората светска војна, најмногу се иселени во Охрид, и во охридското село Лескоец (25 к.). А по некој иселеник има и во Скопје, Белград и Загреб.[3] Галерија
Наводи
ПоврзаноНадворешни врски
|
Portal di Ensiklopedia Dunia