Старо Коњарево
![]() ![]() ![]() ![]() ![]() ![]() Старо Коњарево — село во Општина Ново Село, во областа Подгорје, во околината на градот Струмица. Географија и местоположбаСтаро Коњарево се наоѓа во подножјето на планината Беласица, на надморска височина од 360 метри. Селскиот атар е сместен на тромеѓата помеѓу Вардарска, Егејска и Пиринска Македонија. Низ селото тече реката Стар Дол, која го дели на два дела. Од најблискиот град Струмица е оддалечен 32 километри. ИсторијаАнтикаВо близина на селото се наоѓа археолошкото наоѓалиште „Голема Трпеза“. Селото го добило името од зборовите „коњ“ и „рев“, што значи коњско ревање. Според друга легенда, Старо Коњарево го добило името по Беласичката битка од 1014 година и загинувањето на македонските војници, односно според плачот на нивните најблиски, кои обвиени во тага, силно ревале над нивните тела. Среден векСелото за првпат се споменува во повелбата на српскиот крал Стефан Дечански од 1328 година, кога тој го подарува на манастирот Хиландар, а се споменува и во повелбите на неговиот наследник, најголемиот српски средновековен цар Стефан Душан (вл. 1331-55). Отоманско ЦарствоПред Балканските војни, селото се наоѓало во состав на Петричката околија. ЈугославијаПо крајот на Балканските војни, селото било вклучено во составот на Царство Бугарија. По крајот на Првата светска војна, според Нејскиот мировен договор, селото било вклучено во составот на Кралство СХС, заедно со Струмичкиот регион, додека по крајот на Втората светска војна, во рамките на СФРЈ. МакедонијаПо распаѓањето на СФРЈ, селото формално било вклучено во составот на Република Македонија. Според територијалната организација на Република Македонија, селото припаѓа на Општина Ново Село. Население
Селото се споменува во османлиски дефтер од 1570 година под името Комарани. Во истата година, во селото живееле 5 муслимански и 55 христијански семејства[2]. Во текот на XIX век, селото било со мешано население. Според Васил К’нчов, во 1891 година во Конарине живееле 315 семејства, од кои 300 турски и 15 македонски[3]. Според германска карта издадена во 1941 година, а заснована на пописот на Кралството Југославија од 1931 година, селото имало 450 Македонци.[4] Според пописот на населението на Македонија од 2002 година, селото има 611 жители, сите Македонци.[5] Според последниот попис од 2021 година, во селото живееле 300 жители, од кои 269 Македонци и 31 лице без податоци.[6] Во табелата во продолжение е направен преглед на населението во сите пописни години:
Општествени установи
Самоуправа и политикаИзбирачко местоВо селото постои избирачкото место бр. 1784 според Државната изборна комисија, сместени во просториите на дом на културата.[11] На претседателските избори во 2019 година, на ова избирачко место биле запишани вкупно 733 гласачи.[12] ЛичностиЛичности родени во Старо Коњарево: Личности починати во Старо Коњарево:
Културни и природни знаменитости
Наводи
Надворешни врски
|
Portal di Ensiklopedia Dunia