Смолари
Смолари или Смоларе — село во Општина Ново Село, во областа Подгорје, во околината на градот Струмица. ![]() ![]() ![]() ![]() Географија и местоположбаСелото Смолари се наоѓа во северното подножје на планината Беласица во областа позната како Подгорие. Селото е оддалечено 28 километри од градот Струмица во југоисточна насока и 6 километри од центарот на општината, Ново Село, на надморска височина од 382 метри. Јужно од селото се наоѓа реката Ломница, на која е расположен познатиот Смоларски Водопад, до кој се пристигнува преку екопатека. Вкупната височина на вертикалниот отсек на Смоларскиот Водопад изнесува 39,5 метри. Среде село порано се наоѓале два стари јавори, високи околу 30 метри. Денес е останат помладиот јавор, чија старост се проценува околу 300 години. ИсторијаОтоманско ЦарствоИмето на селото е изведено од зборот „смолар“ или човек што се занимава со собирање смола. За првпат во историските извори, ова село е споменето во пописот на населението од 1519 година. Во 1570 година селото е споменето во османлиски дефтер под името Свилани. Во истата година во селото живееле 12 христијански семејства[2]. ЈугославијаПред Балканските војни, селото се наоѓало во состав на Петричката околија. По крајот на Балканските војни, селото било вклучено во составот на Царство Бугарија. По крајот на Првата светска војна, според Нејскиот мировен договор, селото било вклучено во составот на Кралство СХС, заедно со Струмичкиот регион, додека по крајот на Втората светска војна, во рамките на СФРЈ. МакедонијаПо распаѓањето на СФРЈ, селото формално било вклучено во составот на Република Македонија. Според територијалната организација на Република Македонија, селото припаѓа на Општина Ново Село. Население
Во текот на XIX век, селото било чисто македонско. Во „Етнографија на вилаетите Адријанопол, Монастир и Салоника“ во 1873 година,Смоларе е наведено како село со 80 домаќинства и 298 жители Македонци.[3][4] Според статистиката на Васил К’нчов („Македонија, Етнографија и статистика“) од 1900 година, во Смолари живееле 750 жители, сите Македонци[5]. Селото било под влијание на Бугарската егзархија. Според податоците на секретарот на егзархијата Димитар Мишев („La Macédoine et sa Population Chrétienne“) во 1905 година во селото живееле 784 Македонци под врховенството на Бугарската егзархија и функционирало бугарско училиште со еден учител и 31 ученици[3][6]. Според германска карта издадена во 1941 година, а заснована на пописот на Кралството Југославија од 1931 година, селото имало 650 Македонци.[7] Според пописот од 1971 година, Смолари имало 986 жители[8]. Намалувањето на 659 жители, според пописот од 2002 година, се должи на иселувањето на населението во западноевропските земји. Целокупното население во Смолари е сочинето од Македонци со православна вероисповед. Според пописот на населението на Македонија од 2002 година, селото има 659 жители, сите Македонци.[9] Според последниот попис од 2021 година, во селото живееле 312 жители, од кои 290 Македонци, 1 Србин и 21 лице без податоци.[10] Во табелата во продолжение е направен преглед на населението во сите пописни години:
Самоуправа и политикаИзбирачко местоВо селото постои избирачкото место бр. 1782 според Државната изборна комисија, сместени во просториите на основното училиште.[15] На претседателските избори во 2019 година, на ова избирачко место биле запишани вкупно 603 гласачи.[16] Културни и природни знаменитости
Редовни настани
Личности
Наводи
Надворешни врски
|
Portal di Ensiklopedia Dunia