Струмичка Каза

Граници на Струмичката Каза.

Струмичка Казаказа односно поранешна административна единица во Отоманското Царство која била дел од Солунскиот Санџак. Седиште на казата бил градот Струмица. Во неа биле сместени вкупно 67 населени места.[1] Првично, таа била дел од Румелискиот Пашалак, а потоа дел од Солунскиот Пашалак и Солунскиот Вилает. Првиот кајмакам (управник) на казата бил извесен Ибрахим Кади, кој дошол на власт во 1675 година.[се бара извор] Во 1900 година, казата била населена од вкупно 40,882 жители.[2]

Население

Според податоците на Васил К’нчов од 1900 година, во Струмичката Каза живееле 40 882 жители, од кои:

народ вкупен број % од вкупното население
Македонци 23.602 57,73
Турци 14.930 36,51
Роми 1.650 4,03
Евреи 700 1,71

Наводи

  1. В. Кѫнчовъ. „Македония. Етнография и Статистика“, 1900 г., стр. 159, 160, 161.
  2. В. Кѫнчовъ. „Македония. Етнография и Статистика“, 1900 г., стр. 282.
Prefix: a b c d e f g h i j k l m n o p q r s t u v w x y z 0 1 2 3 4 5 6 7 8 9

Portal di Ensiklopedia Dunia

Kembali kehalaman sebelumnya