Административната поделба на Отоманското Царство претставува територијална поделба заснована на воената администрација но со цивилна управа. Оваа поделба не ги опфаќала вазалните и потчинетите држави.
Постоеле два вида на територијална организација. Првиот вид се однесува на првобитната организација кој се развивала паралелно со развојот на Отоманското Царство, а другиот вид се појавил после големите административни реформи во 1864 година.
Првобитна организација
Првобитната организација има свои корени уште во времето на настанувањето на Отоманското Царство, како вазална држава на Селџуците (Uç Beyliği) во централана Анадолија.
Проширувањата настанале врз основа на веќе постоечката административна структура на селџучкиот систем, во која наследните владеачи на овие територии ја имале титулата бег. Овие бегови (локални водачи) продолжиле да владеат под сузеренство на Отоманските султани. Титула бег од тогаш не се однесувала само на постоечките и поранешните владеачи туку и на новите управници кои султанот ги поставувал на местото на оние кои ги разрешувал.
Отоманското Царство на почетокот било поделено на суверени санџаци и санџаци доделени на султановите синови. Со санџаците управувале санџак-бегови, воени управници кои добивале од страна на султанот знаме, или барјак таканаречен санџак. Како што се ширело царството низ Европа, се појавила потреба за формирање на нови административни единици од повисоко ниво. За време на владеењето на Мурат I (владеел од 1359-1389), беглер-беговите биле одредувани да управуваат со Румелија, т.е. со европскиот дел на царството.
После формирањето на беглер-беглуците, санџаците станувале второстепени административни единци. Беглер-беговите покрај тоа што имале обврска да управуваат со доделената територија, биле и команданти на сите воени трупи на својата територија.
Првостепени административни единици
Ејалети 1299-1609
Од средината на XIV век па до крајот на XVI век, настанал само еден беглер-беглук - Караман.
Ејалети настанати пред 1609
Ејалетите кои настанувале пред 1609 и ејалетите кои настанале после 1609 се:
Абхазија (1578-?)
Ахишка (околу 1603-?)
Дагистан (1578-?)
Туманис (околу 1584-?)
Ганџа (околу 1588-1604)
Гори (околу 1588-?)
Ѓаник (1594-1598)
Кахети (околу 1578-?), кахетскиот крал станал наследен бег
Лори (околу 1584-?)
Молдавија (само 1595)
Начиван (околу 1603)
Поти (1579-?)
Сана (1567-1569)
Шемаха (околу 1583)
Зигетвар (околу 1596), подоцна префрлен на Кањижа.
Освојувањата на Селим I и Сулејман I во XVII век значеле потреба за нови административни единици. До крајот на втората половина од XVII век имало 42 ејалети, како што тогаш се нарекувале беглер-беглуците.
Во следната табела е прикажана административната поделба од 1609 година.
Вилаетите биле поделени на санџаци со кои управувале санџак-бегови. Некои, како Муташарифатскиот санџак (Ерусалимски), не биле дел од ниту еден вилает. Санџак-беговите служели и како воени командири со своја коњица од својот санџак. Некои вилаети (како Египтскиот, Багдадскиот, Абисинискиот и Ал-Хасанскиот) не биле поделени на санџаци.
Административна реформа од 1864 година
Како што слабеело Отоманското Царство, административната структура била разнишана. Со Отоманскиот закон од 1864 направена е реформа на административната поделба на царството во која ејалетите станале мали вилаети со кои управувале валии. Вилаетите биле поделени на санџаци, муташарифати и вазални држави како што биле Србија, Романија и Црна Гора, кои останале надвор од овој административен систем.
Вилаети од 1877
Западни:
Босна (Bosna)
Подунавски (Дунав) (Tuna), прв вилает формиран во 1864
Једирне (Edirne), исто така нарекуван и Адријанополски
Истанбул (İstanbul), исто така нарекуван и Цариградски
Јанина (Yanya)
Чаталџа (Çatalca) автономен санџак, не е вилает (Çatalca Sancağı)
Кипар (Kıbrıs) остров со посебен статус (Kıbrıs Adası)
Косово (Kosova)
Крит (Girit)
Манастир (Manastır), исто така нарекуван и Битолски 1873/74 (бил укинат 1878, а повторно бил обновен во 1879)
Мека (Mekke) автономен шарифат, не е вилает (Mekke Şerifliği)
Мосул (Musul) од 1879.
Планина Либан (Cebel-i Lübnan [Cebeli Lübnan]) муташарифат на Бејрут, не е вилает (Cebel-i Lübnan Mutasarrıflığı)
Салоника (Selanik), исто така нарекуван и Солунски 1867
Сервија санџак (Serfije, Servia), не е дел од вилает
Сирија (Şam), исто така нарекуван и Дамаски
Сисам (Sisam) остров со посебен статус (Sisam Beyliği)
Скадар (İşkodra)
Софија (Sofya)
Триполитанија (Trablusu-Garb [Trablusgarp])
Тунис (Tunus) автономен елает, со него владееле наследни бегови (Tunus Eyaleti)
Херцеговина (Hersek)
Анадолија:
Адана (Adana)
Ајдин (Aydın)
Анкара (Ankara)
Бига (Biga) автономен санџак, не е вилает (Biga Sancağı)
Худавендигар (Hüdavendigar), исто така нарекуван и Бурсански
Шивас (Sivas)
Вилаети 1915
После Танзимат реформите од 1885, малоазиската област со кое управувало Отоманското Царство е поделена на 15 вилаета, едан санџак и едан утершафлик на Цариградскиот вилает (и двата од азиската страна на Босфор). Секој вилает бил поделен на неколку санџаци.