Низ средината на Коњаре протекува река која се влева во Кумановка. Селото е претежно рамничарско.
Историја
Пред доселување на Македонци и Срби селото било населено со Турци. По нивното иселување во Турција и купување на земјата од македонските семејства кои претежно живееа во планинските села почнаа да се населуваат во истото.
Џамијата која ја оставиле Турците била срушена од доселениците кои се православни христијани.
Стопанство
Населението е претежно вработени во претпријатијата во Куманово, а дел се занимава со земјоделство. Во селото постои млекара „Алпи Сан“, додека во фаза на изградба е и рибник.
Според германска карта издадена во 1941 година, а заснована на пописот на Кралство Југославија во 1931 година, селото имало 200 Македонци и 300 Турци.[4]
Според пописот од 2002 во с. Горно Коњаре живеат 1.136 жители од кои 565 Македонци, 314 Срби и 255 Албанци. Населението е во нагорна линија кај сите заедници. Постојат и доселувања од планинските села од Козјачијата, кои немаат инфраструктура и водовод.
Во селото заедно живеат Македонци и Срби, додека македонските Албанци се на оддалеченост од околу 1 до 2 киломенри од овие 2 заедници.
Според последниот попис од 2021 година, во селото живееле 1.015 жители, од кои 506 Македонци, 200 Албанци, 221 Србин, 10 останати и 78 лица без податоци.[5]
На табелата е прикажан националниот состав на населението низ сите пописни години:[6]
Година
Македонци
Албанци
Турци
Роми
Власи
Срби
Бошњаци
Ост.
б.п.
Вкупно
1948
—
—
—
—
—
—
—
—
—
814
1953
331
13
474
—
—
71
—
1
—
890
1961
457
12
158
—
—
316
—
4
—
947
1971
543
82
14
—
—
405
—
1
—
1.045
1981
579
179
9
—
—
372
—
15
—
1.154
1991
501
—
—
—
—
395
—
14
—
910
1994
499
236
—
—
—
366
—
5
—
1.106
2002
565
265
—
—
—
314
—
2
—
1.136
2021
506
200
—
—
—
221
—
10
78
1.015
Родови
Горно Коњаре е мешано село.
Според истражувањата од 1965 година, родови во селото се:
Православни (македонски и српски)
Доселени во турско време:Толевци (13 к.), Бирдевци (7 к.), Костевци (7 к.), Кечини (5 к.), Денковци (2 к.) и Шутакови (1 к.) доселени се, но не знаат од каде; Миланови или Црвенкови (3 к.) доселени се од селото Карабичане, поддалечно потекло од околината на Врање во Србија; Вачкови (7 к.) доселени се од селото Добрача; Петревци (2 к.) доселени се од селото Долно Коњаре; Баба-Златини (1 к.) доселени се од селото Шупљи Камен; Баба-Симкини или Паланчани (1 к.) доселени се од Кривопаланечко.
Доселени по Втората светска војна: Петровски (3 к. ) доселени се од селото Герман во Крива Паланка; Козједолци (3 к.) доселени се од селото Козји Дол во Горна Пчиња; Малотинци (4 к.) доселени се од селото Малотино; Станковиќи (3 к.) доселени се од селото Пролесје во Горна Пчиња; Рашиќи (4 к.) доселени се од некое село во Горна Пчиња; Васко (1 к.) доселени се од некое село во Овче Поле; Руѓинчани (5 к.) доселени се од некое село во Горна Пчиња; Мамулари (6 к.) и они се од некое село во Горна Пчиња; Маљок (2 к.) доселени се од селото Стајевци во Горна Пчиња; Арслановци (5 к.) доселени се од некое село во Горна Пчиња; Никуљанци (1 к.) доселени се од селото Никуљане; Магленчани (5 к.) доселени се од селото Магленце во Горна Пчиња; Планинци (2 к.) доселени се од некое село во Горна Пчиња; Китановци (3 к.) доселени се од селото Кетеново кај Кратово; Ланичани (2 к.) доселени се од селото Љаника кај манастирот Прохор Пчински; Думановчани (2 к.) доселени се од селото Думановце; Сурличани (1 к.) доселени се од селото Сурлица во Горна Пчиња; Бојковиќи (2 к.) и Стојменовиќи (2 к.) доселени се од Горна Пчиња; Пелинчани (10 к.) доселени се од селото Пелинце.
Муслимански родови (албански)
Муратови (2 к.) доселени се од селото Масурица кај Врање во 1878 година; Исен (1 к.) и Шаип (1 к.) доселени се однекаде пред крајот на турското владеење; Трнавчани (1 к.) доселени се во 1930 година од селото Трнава кај Прешево; Албатски (3 к.) доселени се во 1960 година од селото Гари кај Прешево.[7]
↑„Оваа категорија опфаќа лица коишто учествуваат во вкупното резидентно население, но поради нивно одбивање да бидат попишани, неможност да бидат најдени на својата адреса на живеење и непотполност во работата на попишувачите не биле официјално попишани, туку за нив податоците биле преземени од административни извори и затоа не учествуваат во изјаснувањето за етничка припадност, вероисповед и мајчин јазик (Прочитајте повеќе...).“
↑Население на Република Македонија според изјаснувањето за етничката припадност, по населени места, според пописите на население 1948, 1953, 1961, 1971, 1981, 1991, 1994 и 2002 година (согласно територијалната организација од 1996 година). База на податоци МАКСтатАрхивирано на 10 декември 2021 г.. Државен завод за статистика.
↑Трифуноски, Јован (1974). Кумановска област. Скопје.