Сурутарка
Сурутарка или медуника[1] (науч. Filipendula ulmaria) — повеќегодишна билка од семејството рози што вирее на влажни ливади. Тaa се наоѓа низ поголемиот дел од Европа и Западна Азија (Близок Исток и Среден Исток). Воведена е и натурализирана во Северна Америка.[2] ОписСтеблата се високи од 1 до 2 м, исправени и браздести, црвеникави до понекогаш виолетови. Листовите се остри, со темнозелена боја од горната страна и од долната страна бели и влакнести — многу поделени. Сурутарката има нежни, привлечни, кремастобели цвеќиња групирани близу едни до други во неправилно разгранет облик, кои имаат многу силен, сладок мирис. Тие цветаат од почетокот на летото до раната есен и ги посетуваат разни видови инсекти — особено мувите. Цветовите се мали и многубројни.[3][4] УпотребаЦелата билка поседува пријатен вкус и мирис — зелените делови имаат сличен ароматичен карактер на цвеќето — што доведува до употреба на растението како распрскувачка билка, расфрлана на подови за да им даде на собите пријатна арома и се користи за вино, пиво и многу видови оцет. Цветовите може да се додадат во компоти и џемови, давајќи им суптилен вкус на бадем. Има многу лековити својства. Целото растение е традиционален лек за кисел желудник, а свежиот корен често се користи во хомеопатски препарати. Исушени, цвеќињата се користат во потпури. Исто така е често користен зачин во скандинавските видови медовина.[5] Наводи
Надворешни врски
|
Portal di Ensiklopedia Dunia