Тоби Алдервеирелд
Тобијас Албертин Мауриц Алдервеирелд (роден на 2 март 1989 во Антверпен) — белгиски фудбалер, играч од одбраната на Ројал Антверпен и поранешен репрезентативец на Белгија (2009-2022). Алдервирелд ја започнал својата кариера во холандскиот клуб, Ајакс, каде како продукт на академијата на клубот дошол до првиот тим и освоил три последователни титули во холандското првенство. Во 2013 година, тој се преселил во Атлетико Мадрид, каде што уште во првата негова година го освоил шпанското првенство и стигнал до финалето на Лигата на шампионите. Следната година ја поминал на позајмица во Саутхемптон, оставајќи одличен впечаток во Премиер лигата на Англија, по што трајно се преселил во ова првенство во летото 2015 година кога потпишал за Тотенхем. Токму во овој лондонски клуб поминал најголем дел од својата кариера, играјќи 6 сезони во кој запишал 236 настапи и одиграл уште едно финале на Лигата на шампионите во 2019 година. Откако го напуштил на Тотенхем, одиграл една сезона во Ал-Духаил, пред да се врати во својот роден град каде од 2022 година настапува за Ројал Антверпен. За репрезентацијата на Белгија, Алдервеирелд настапувал од 2009 до 2022 година, забележувајќи 127 настапи и 5 голови; моментално тој е на третото место на вечната листа на играчи со најмногу настапи за Белгија. За својата земја настапил на три Светски во 2014, 2018 и 2022 и две Европски првенства во 2016 и 2020. Титули
Репрезентативни
Наводи
Надворешни врски
|
Portal di Ensiklopedia Dunia