Дрис Мертенс
Дрис Мертенс (роден на 6 мај 1987 во Левен) — белгиски фудбалер, напаѓач на Галатасарај и на белгиската репрезентација. Мертенс ја започнал кариерата во родната Белгија, каде играл за неколку клубови пред да се пресели во Холандија во 2006 година, каде што дошол до израз во дресот на АГОВ. Од 2009 година тој се етаблирал прво во Утрехт, во чии редови играл две сезони, а потоа во ПСВ, каде одиграл уште две години, освојувајќи еден Куп на Холандија (2011-2012) и еден Суперкуп на Холандија (2012). Најголемиот дел од неговата кариера се поврзува со Наполи, клуб за кој играл 9 сезони и со кого освоил два Купа на Италија (2013-2014 и 2019-2020) и еден Суперкуп (2014). Тој, исто така, е рекордер по бројот на постигнати голови за Наполи во сите официјални натпреварувања, во Серија А и во европските натпреварувања. Од 2022 година, игра за Галатасарај, со кого го освоил турското првенство (2022-2023). На поединечно ниво, тој бил вклучен во Тимот на годината на Серија А за сезоната 2016-2017 и бил избран за Белгиски фудбалер на годината во 2016 година. Исто така, бил вклучен во листата од 30 кандидати номинирани за добивање на Златната топка во 2017 година. Мертенс го направил своето деби за репрезентацијата на Белгија во 2011 година и оттогаш има 109 настапи, кој го рангираат на шесттото место на вечната листа на играчи со најмногу настапи за Белгија. Тој бил во составот на својата нација на три Светски првенства во 2014, 2018 и 2022, како и на две Европски во 2016 и 2020. БиографијаДрис е син на Херман, петкратен белгиски шампион во гимнастика, додека мајката, Маријке ван Кампен, е универзитетски професор по педагогија; неговиот брат Јероен работи на телевизија во Белгија како автор и водител.[3] Од 2015 година е оженет со телевизиската водителка Катрин Керхофс.[4] Технички карактеристикиРазноврсен играч[5] со вешт дриблинг,[6] кој најчесто настапува на позицијата лево крило, но исто така често бил користен и како полушпиц од страна на Дик Адвокат;[7] Мертенс е добар стрелец, но и асистент за својте соиграчи.[8] Во сезоната 2016-2017, на барање на тренерот Маурицио Сари, поради повредата на Аркадиуш Милик, Мертенс играл како главен напаѓач, постигнувајќи одлични резултати.[9] Клупска кариераРани годиниРоден во Левен, Белгија, Мертенс ја започнал својата кариера во сега веќе распаднатиот локален клуб Стад Левен. Додека тој бил тука скаути на еден од најпознатите белгиски клубови Андерлехт го забележале Мертенс, и во крајна линија тоа резултирало понудена шанса за него да се приклучи на младинската школа на клубот во 1998 година. Тој поминал пет години во младинската школа на Андерлехт пред да биде отпуштен во 2003 година, кога тренерите во академијата укажале на тоа дека тој бил премногу низок и физички неспособен да се натпреварува на професионално ниво.[10] По ослободувањето од Андерлехт, Мертенс потпишал за друг прводивизионен клуб од Белгија Гент. По две сезони во младинската академија на Гент, Мертенс бил позајмен во Алст за сезоната 2005-2006. Тој брилирал во третата дивизија и бил прогласен за играч на годината.[10] Сепак, тренерскиот штаб во Гент, многу слично на оние од Андерлехт пред неколку години, останале неубедени од квалитетите на Мертенс најмногу заради неговиот мал раст. Сепак, тој останал под договор со Гент и бил позајмен повторно следната сезона, овој пат во АГОВ Апелдорн во Холандија.[10] АГОВНа 1 јули 2006 година, Мертенс официјално потпишал за АГОВ Апелдорн, клуб кој подоцна се распаѓа во 2013 година, на заем за една сезона, со опција за откуп доколку клубот биде задоволен од неговите игри.[10][11] Тој успеа да се врати со 2 гола во 35 настапи за време на сезона, во која тој станал омилен меѓу навивачите и поддржувачите на Сините. Формата со која настапувал Мертенс го поттикнала раководството на АГОВ, предводено од страна на новиот тренер Џон ван ден Бром, да ја искористат опцијата за потпишување на траен договор со белгискиот играч следната сезона. Тоа бил потег кој итекако му се исплатил на холандскиот клуб кога Мертенс ја завршил сезоната со 15 гола во 38 натпревари за тимот.[10] Како растело неговото влијание врз клубот така и клубот имал сè повеќе доверба во Мертенс назначувајќи го за нов капитен за сезоната 2008-2009.[12] Мертенс брилирал во својата нова улога и придонел со уште 13 гола за сезоната по што му била доделена наградата за Златен Бул за најталентиран играчи во Ерсте дивиси.[13] Тоа ќе биде неговата последна сезона во клубот, бидејќи на крајот на сезоната тој се согласи да му се приклучи на една лига повисоко рангираниот клуб Утрехт во Ередивиси. Мертенс направил 110 настапи во сите натпреварувања за АГОВ во текот на три сезони во клубот и постигнал 31 гол. Утрехт![]() Откако добиле согласност од АГОВ во март 2009, Утрехт го договориле доаѓањето на Мертенс пред почетокот на сезоната 2009-2010, официјално реализирајќи го трансферот за кој платиле обесштетување од 600.000 €.[14] Во својата дебитантска сезона со клубот, Мертенс постигнал шест голови и бил финалист, зад напаѓачот на Ајакс, Луис Суарес, во изборот за наградата "Фудбалер на годината во Холандија". Тој исто така бил награден со "Трофеј Ди Томазо", наградата за играч на сезоната на Утрехт.[10] Тој ги подобрил неговите резултати во следната сезона, постигнувајќи 10 гола во 31 натпревар во лигата за Утрехт, вклучувајќи го и хет-трикот во последното коло против АЗ Алкмар, и трите гола во неговото деби во Лига Европа.[15] Севкупно, Мертенс постигнал 14 гола во сите натпреварувања и имал неверојатни 24 асистенции.[16] Тоа се покажала неговата последна сезона во клубот, бидејќи неговата фантастична форма на Стадион Галгенвард го привлекла вниманието на некои од најголемите клубови во лигата.[10] За две сезони поминати во Утрехт, Мертенс постигнал вкупно 21 гол во 86 натпревари во сите натпреварувања. ПСВ Ајндховен![]() Во јуни 2011 година, било објавено дека Мертенс потпишал за ПСВ како замена за заминатиот Балаш Џуџак во пакет со соиграчот од Утрехт, Кевин Стротман, за вкупен надомест од 13 милиони евра.[17] Тој постигна гол во своето официјално деби за клубот на 7 август 2011 година, постигнувајќи го почесниот погодок за ПСВ во поразот со 3-1 на гостувањето кај АЗ Алкмар.[18] Подоцна тој месец, на 28 август, Мертенс го постигнал својот прв хет-трик за ПСВ во победата со 6-1 над Екселсиор.[19] Силниот старт на сезоната на Мертенс кулминирал "во победата со 7-1 над Рода на 24 септември 2011 година постигнувајќи четири гола", со што дошол до бројката од 11 постигнати гола во својте први 7 натпревари за ПСВ.[20] Во завршниот дел од кампањата, Мертенс загубил поголем број од забите кога се судрил со голманот на Хераклес Ремко Пасвер, иако тој успеал да постигне гол за време на инцидентот. На социјалната мрежа Твитер било откриено подоцна дека Пасвер нашол еден заб на Мертенс закопан во неговата глава, три недели подоцна откако играчите се судрија.[21] Мертенс ја завршил сезоната со 21 постигнат гол во 33 натпревари, заземајќи го четвртото место на списокот на стрелците во Ередивиси за таа сезона. Тој, исто така, постигнал три гола во четири натпревари во Купот на Холандија, вклучувајќи го и голот со глава во финалето на Де Којп, во Ротердам, во кое ПСВ со 3-0 го победил Хераклес.[22] Следната сезона Мертенс ја започнал со додавање на уште еден трофеј, откако во првиот натпревар од новата сезона му помогнал на ПСВ да го победи Ајакс со 4-2 во Јохан Кројф Шилд (Суперкуп на Холандија), асистирајќи притоа за првиот гол кој го постигнал Ола Тоивонен по само 3 минути игра.[23] На 30 септември 2012 година, Мертенс и Јирген Локадија, кој го имал своето деби во Ередивисије, постигнале хет-трик во победата на ПСВ над ВВВ Венло со 6-0.[24] Мертенс ја завршил сезоната со 14 постигнати голови во лигата, 16 во сите натпреварувања, но ПСВ ја завршиле сезоната како второпласирани зад Ајакс во Ередивисије. Тој, исто така, додал и 17 асистенции.[25] Тоа била неговата последна сезона во Ередивисије, откако по завршувањето на истата ПСВ ја прифатил понудата на клубот од Серија А, Наполи за неговиот потпис.[26] Мертенс го напуштил Ајндховен забележувајќи 88 натпревари за клубот и постигнал 45 голови во текот на две сезони. НаполиНа 16 јуни 2013, агентот на Мертенс Серен Лерби потврдил дека играчот се согласил на потпишување договор со италијанскиот Наполи. Трансферот го чинел Наполи 9.480.000 €,[27] а Мертенс потпишал петгодишен договор со кој заработувал 1,2 милиони евра по сезона.[28] Така тој станал првото засилување на новиот тренер на Наполи, Рафа Бенитес. Своето деби во Серија А го направил на 25 август 2013, влегувајќи како замена во второто полувреме на местото на Марек Хамшик во победата со 3-0 над Болоња.[29] Неговиот прв гол за наполитнаците дошол на 30 октомври, кога тој го постигнал победничкиот погодок со кој била совладана Фјорентина на гости со 1-2.[30] Во првиот натпревар на Наполи по Серија А после зимската пауза на 6 јануари 2014 година, Мертенс ги постигнал своите први два гола во еден исти натпревар за клубот во победата со 2-0 над Сампдорија.[31] Потоа тој го постигнал и вториот гол за Наполи во победата со 2-0 над Јувентус на 30 март, со што партенопеите му го нанеле само вториот лигашки пораз на подоцнежниот шампион.[32] На 3 мај 2014 година Мертенс го освојува својот прв трофеј со Наполи, победувајќи во Купот на Италија; во финалето против Фјорентина тој се појавил во игра на местото на Марек Хамшик во 64-тата минута и го постигнал последниот гол за водство на Наполи од 3-1 (што било и конечен резултат) во судиското продолжение, заверувајќи ја победата на небесно сините.[33] Својата прва сезона во Италија ја завршил со 11 голови во првенството (во 33 настапи) и уште два во Купот на Италија. ![]() На 18 септември 2014, во натпреварот од групната фаза на Лигата на Европа, Мертенс постигнал два гола против Спарта Прага (3-1), негови први за Наполи во некое од клупските натпреварувања на УЕФА.[34] На 22 декември 2014 тој заработил уште еден шампионски медал, по победата на Наполи над Јувентус на пенали во Суперкупот на Италија иако тој бил еден од тројцата играчи на неговиот клуб којшто промашиле.[35] И покрај тоа што претежно бил користен како замена, тој продолжил да игра во добра форма за Наполи во текот на следната сезона и пол, постигнувајќи 10 гола и придонесувајќи 11 асистенции во текот на сезоната 2014-2015 и уште 11 гола во текот на сезоната 2015-2016.[36][37] Во текот на неговата трета сезона во Неапол, Мертенс постигнал два гола во победата со 5-0 над клубот од неговата родна земја Клуб Бриж придонесувајќи притоа за највисоката победа во историјата на Наполи во натпреварите од Лигата на Европа.[38] Мертенс, исто така, постигнал и хет-трик во второто полувреме во убедливата победа во првенството со 6-0 над Болоња на 19 април 2016 година.[39] Тој бил еден од само четворицата играчи кој успеале да постигнат хет-трик во текот на сезоната 2015-2016 во Серија А, покрај Никола Калиниќ, Сусо и неговиот соиграч Гонсало Игуаин. По продажбата на Гонсало Игуаин - Капоканониере од претходната сезона - на соперникот за скудетото Јувентус и сериозната повреда на неговиот заменик Аркадиуш Милик, Мертенс бил поставен во уште поофанзивна улога во нападот на Наполи за сезоната 2016-2017, играјќи како главен шпиц во 4-3-3 формацијата на тренерот Маурицио Сари.[37][40] Мертенс добро ја започнал сезоната постигнувајќи два гола во првото коло од новата сезона во Серија А на гостувањето кај Пескара (2-2) со кои го спасил Наполи од срамен пораз кај новакот во лигата.[41] На 11 декември 2016 година, тој постигнал хет-трик во првенствената победа со 5-0 над Каљари, а веќе во следното коло тој отишол и чекор понатаму постигнувајќи четири гола во победата со 5-3 над Торино.[42][43] Четирите гола на Мертенс, меѓу кои е вклучен и четвртиот најбрз хет-трик во историјата на Серија А, значеле дека тој е првиот играч на Наполи кој го постигнал ова уште од Бепе Саволди во 1977. Тој, исто така станал првиот играч кој постигнал два последователни хет-трика во лигата уште од напаѓачот на Јувентус Пјетро Анастази во 1974 година, и првиот играч кој забележал седум гола на два натпревари, по Антонио Анџелило во 1958 година.[37][44] Неговата фантастична форма за клубот и репрезентацијата била наградена кога, на 30 декември, тој бил прогласен за Белгиски фудбалер на годината за 2016 година, победувајќи ги Еден Азар од Челси и Раџа Наинголан од Рома во борбата за наградата.[45][46] На 4 февруари 2017 година, Мертенс и Хамшик двајцата постигнале хет-трик во победата над Болоња со 7-1 на гости, со што Наполи за првпат во својата клупска историја регистрирал седум постигнати голови на гостински терен во највисокото ниво на италијанскиот фудбал.[47] Својот 20-ти гол во Серија А за сезоната Мертенс го постигнал на 19 март 2017, во победата со 2-3 на гостувањето кај Емполи, иако во истиот натпревар претходно промашил пенал. Во последното коло од сезоната тој го постигнал својот 50-ти првенствен гол за Наполи, и свој 28-ми во сезоната, завршувајќи со само еден гол помалку од најдобриот стрелец за сезоната во Серија А Един Џеко.[48] Вкупно за сезоната тој постигнал 34 гола во 46 настапи во сите натпреварување. ![]() Новата сезона со Наполи ја започнал со гол за отворање на резултатот во првиот натпревар против Ница од квалификациите за Лигата на шампионите, кој бил одигран на 16 август 2017 година на Сан Паоло и завршил 2-0 за партенопеите. Својот прв првенствен гол во лигата за сезоната 2017-2018 го постигнал на 27 август 2017, во победата со 3-1 на домашен терен над Аталанта. На 17 септември 2017, тој постигнал хет-трик во победата со 6-0 над Беневенто, при што вториот и третиот гол ги постигнал од пенал. На 9 октомври 2017 година, тој за првпат во својата кариера бил избран меѓу 30-те кандидати за Златната топка.[49] Сезоната ја завршил со 38 настапи и 18 голови во лигата, или вкупно 49 настапи и 22 гола на сите натпреварувања. На 2 ноември 2018 година, во натпреварот од Серија А, Наполи-Емполи 5-1, тој постигнал хет-трик (негов седми во дресот на Наполи) што му овозможило да ги надмине Карека и Жозе Алтафини и да се искачи на шестото место на списокот на стрелците за Наполи на сите времиња, со 98 гола.[50] Во исто време, тој станал белгиски играч со најмногу голови во Серија А, надминувајќи го Луис Оливеира, и застанувајќи на бројката од 72 голови.[51][52] На 28 ноември, благодарение на двата гола во победата со 3-1 на домашен терен над Црвена Ѕвезда во Лигата на шампионите, тој стигнал до 100 гола во дресот на Наполи, станувајќи исто така најдобар клупски стрелец досега во Европските натпреварувања (20) и достигнувајќи ја бројката од 200 голови во кариерата. На 28 април 2019, тој се изедначил со Диего Армандо Марадона по бројот на постигнати голови во Серија А за Наполи, со голот кој го постигнал во победата со 2-0 на гостувањето кај Фрозиноне.[53][54] На 23 октомври 2019, во натпреварот од Лигата на шампиони во кој италијанскиот тим го победил на гости Салцбург со 2-3, Мертенс постигнал два гола, со кои го надминал Марадона и со 116 гола станал втор најдобар стрелец на сите времиња на Наполи зад Марек Хамшик.[55] На 25 февруари 2020 година, тој се изедначил по бројот на голови со Хамшик (121) во првиот натпревар од осминафиналето на Лигата на шампионите, на домашен терен против Барселона (1-1),[56] а потоа и го надминал на 13 јуни - кога сезоната продолжила по прекинот поради пандемијата на КОВИД-19 - постигнувајќи го голот за 1-1 во реванш полуфиналето на Купот на Италија против Интер.[57] Овој гол им овозможил на партенопеите да се квалификуваат за финалето на 17 јуни, кое потоа го добиле на пенали против Јувентус,[58] освојувајќи ја својата шестта титула во ова натпреварување во клупската историја, втора лична за Мертенс кој го започнал натпреварот и играл до 66-тата минута кога бил заменет од Матео Политано. На 21 март 2021 година, со голот постигнат против Рома (0-2), тој стигнал до бројката од 100 гола во Серија А со „наполитанците“, израмнувајќи се уште еднаш со Хамшик.[59][60] Последователно на 22 април, со голот постигнат против Лацио во победата на домашен терен со 5-2, тој го израмнил рекордот од 102 гола во Серија А со дресот на Наполи што го држел Антонио Војак.[61] Овој рекорд бил соборен на 21 ноември истата година, кога за време на поразот од Интер со 3-2 на гостински терен, белгиецот го постигнал вториот гол за Наполи.[62] Во летото 2022 година, по истекот на неговиот договор со клубот, Мертенс ја завршил неговата авантура во Наполи, по 9 сезони, во кој запишал вкупно 397 настапи и 148 голови.[63][64] ГалатасарајНа 6 август 2022, Мертенс му се приклучил на Галатасарај како слободен играч.[65] Тој го направи своето деби во новиот дрес на 13 август, заменувајќи го Јунус Акѓун во последната четвртина од натпреварот против Гиресунспор, во кој Галата била поразена со 0-1.[66] На 23 октомври, тој го постигнал својот прв гол со турскиот клуб, за време на домашниот натпревар против Аланијаспор, во рамките на 11-тото коло на Суперлигата кој заврши без победник 2-2.[67] Својата прва сезона со Галатасарај ја завршил со освојување на турското првенство,[68] придонесувајќи за успехот на жолто-црвените со 6 гола и 3 асистенции во 30 настапи. Репрезентативна кариераОткако претходно ја претставувал Белгија на младинско ниво, Мертенс го добил својот прв повик во сениорската репрезентација на Белгија од селекторот Жорж Лекенс на 1 октомври 2010 година за натпреварите на репрезентацијата против Казахстан и Австрија во квалификациите за Европското првенство 2012.[69] Иако тој не бил вклучен во игра во ниту еден од тие два натпревари, Мертенс ќе го направи своето деби за репрезентацијата на 9 февруари следната година во пријателскиот натпревар против Финска во Гент, влегувајќи како замена во второто полувреме на местото на Насер Шадли.[12] Својот прв гол за Белгија Мертенс го постигнал на 15 август 2012 година во Дербито на Ниските Земји против Холандија и притоа во истиот натпревар асистирал за уште други два гола, со што и помогнал на својата репрезентација да го надополни дефицитот од 2-1 и да победи на крајот со 4-2.[70] ![]() На 13 мај 2014 година, Мертенс бил избран во 23-члениот состав на селекторот Марк Вилмотс за Светското првенство 2014 во Бразил.[71] Во подготовките на репрезентацијата за турнирот, на 7 јуни Мертенс постигнал победнички гол во финишот од натпреварот против Тунис за да и донесе победа на Белгија од 1-0.[72] Своето прво појавување за Белгија на турнирот го имал во првиот натпревар на Светското првенство, влегувајќи на местото на Шадли на полувремето и постигнал доцен победнички гол во победата со 2-1 над Алжир во Бело Хоризонте.[73] Пред почетокот на Светското првенство, Мертенс се обложил со неговиот татко дека тој ќе постигне гол на турнирот. По натпреварот, тој објавил фотографија на Instagram како ги бричи мустаќите на неговиот татко како награда за победата во облогот.[74] Тој направил вкупно пет настапи на Светското првенство каде што Белгија била елиминирана во четвртфиналето од подоцнежниот вицешампион, Аргентина.[75] По Светското првенство, Белгија лесно ја поминала својата квалификациска кампања за Евро 2016. Мертенс постигнал два гола за три минути за Белгија во нивното отворање на квалификацискиот циклус, во победата со 6-0 над Андора.[76] Следната година, тој постигна еден и асистирал за друг гол во победата со 3-1 над Израел со која било загарантирано првото место на Белгија во квалификациската група.[77] Тој бил избран во тимот на Белгија за завршницата на турнирот и бил вклучени во сите пет натпревари на нацијата, меѓутоа Белгија била елиминрана во четврт-финалето уште еднаш, овој пат биле поразени од Велс со 3-1.[78][79] Под водството на новиот селектор Роберто Мартинес, Мертенс постигнал пет гола во квалификациите за Светското првенство 2018, вклучувајќи ги и двата во победата со 8–1 на домашен терен над Естонија.[80] Потоа, тој бил избран во составот на Белгија за завршниот турнир во Русија и се запишал во листата на стрелците веќе во првиот натпревар на репрезентацијата, победата со 3-0 над Панама во групата Г.[81][82] Тој играл наизменично како стартер и замена во остатокот од турнирот, помагајќи и на Белгија да заврши на третото место и да го освои бронзениот медал, совладувајќи ја Англија во натпреварот за бронзата.[83] Повикан за Европското првенство 2020,[84] на 17 јуни 2021, тој го одиграл 100-тиот натпревар за Белгија излегувајќи на теренот во победата со 2-1 над Данска во групната фаза.[85] Турнирот за Белгија завршил во четвртфиналето, во кое паднале од подоцнежниот шампион Италија (1-2).[86] Година и половина подоцна, бил вклучен во списокот на повикани играчи и за Светското првенство 2022 во Катар,[87] каде што Белгија застанала во групната фаза. На овој мундијал, Мертенс настапил двапати во поразот со 0-2 од Мароко и во ремито 0-0 против Хрватска, резултат кој ја означил елиминација на Црвените ѓаволи.[88] Хронологија на репрезентативните настапиКлупска статистикаСтатистиката е ажурирана на 26 април 2024.
Хет-трикови
Титули![]() Клупски
Репрезентативни
Поединечни
Наводи
Надворешни врски
|
Portal di Ensiklopedia Dunia