Фудбалска репрезентација на Перу
Фудбалската репрезентација на Перу го претставува Перу на меѓународните фудбалски натпреварувања и е под контрола на Фудбалската федерација на Перу (ФПФ). Таа претставува една од 10-те членки на ФИФА кој доаѓаат од Јужноамериканска фудбалска конфедерација (КОНМЕБОЛ). Перу бил победник на Копа Америка двапати и се квалификувал на завршницата на Светските првенства пет пати (последно во 2018); исто така, учествувале на Летните олимписки игри 1936 и се пласирале во полуфиналето на КОНКАКАФ Голд купот во 2000 година. Перуанската фудбалска репрезентација е добро позната по своите бели дресови украсени со дијагонална црвена лента, која ги комбинира националните бои на земјата. Овој основен дизајн се користи континуирано од 1936 година и на репрезентацијата и го донел прекарот од шпански јазик "la Blanquirroja" или во превод "бело-црвените".[4] Перуанските фудбалски навивачи се познати по нивната препознатливо извикување "¡Arriba Perú!" (превод на мак. "Напред Перу!").[4] Најголемиот дел од својте домашни натпревари, репрезентацијата ги игра на Стадион Насионал во главниот град Лима. Перу има долгогодишни соперништва со репрезентациите на Чиле и Еквадор. Најдобриот стрелец на репрезентацијата на сите времиња е Паоло Гереро, со 35 гола,[3] а играчот со најмногу настапи е Роберто Паласиос, со 128 настапи.[2] Моментален селектор на репрезентацијата е Рикардо Гарека, под чије водство Перу го освоил третото место на Копа Америка 2015, стигнал до четвртфиналето на Копа Америка Сентенарио и учествувал во групната фаза на завршницата на Светското првенство 2018. ИсторијаНастапи на турниритеСветско првенство
Копа Америка
КОНКАКАФ Голд купЛетни олимписки игри
ИграчиМоментален составНаводи
Надворешни врски
|
Portal di Ensiklopedia Dunia