Универзитет за аудиовизуелни уметности ЕСРА
Универзитет за аудиовизуелни уметности - Европска филмска, театарска и танцова академија ЕФТА(Скопје-Париз-Есен-Ротердам) — македонска приватна филмска академија која започнала со работа во 2007 година и претставува прв приватен Универзитет од областа на аудиовизуелните уметности во Македонија. Основач на Универзитетот е Јордан Плевнеш, истакнат драмски автор. ИсторијаСо формирањето на Универзитетот за аудиовизуелни уметности - Европска филмска, театарска и танцова академија ЕФТА(Скопје-Париз-Есен-Ротердам), бил создаден еден мост помеѓу европските искуства од аудиовизуелните области со традицијата и искуствата во Македонија. Особено важно е да се напомене воведувањето на неколку катедри од аудиовизуелните области за коишто досега во Македонија воопшто не постоела можност за високо образовна, академска едукација. Универзитетот формира и црпи искуства од примерот на ЕСРА Франција (École Supérieure de Réalisation Audiovisuelle – Висока школа за аудиовизуелна реализација), која постои од 1972 година и со која што има склучено договор кој се однесува на соработка при реализирањето на студиите, заедничките студентски проекти, како и размена на искуства за оние струки за кои во овој регион не постои едукациско искуство. Овој факт за студентите претставува можноста третата, завршна година да ја посетуваат во Париз, Ница, Динан или Рен, а специјалистичките студии да ги завршат во Њујорк. Универзитетот на студентите им нуди на располагање најсовремена техника со што тие ги имаат сите потребни услови за валитетно следење на наставата и совладување на наставните програми. Универзитетот ја доделува наградата за високи достигнувања во областа на аудиовизуелните уметности Златен Дедал.[2] Факултети
Универзитетот располага со 5 факултети, и тоа:
Наводи
Надворешни врски
|
Portal di Ensiklopedia Dunia