Универзитет на Југоисточна Европа
Универзитет на Југоисточна Европа или УЈИЕ (албански: Universiteti i Evropës Juglindore, EJL; англиски: South East European University, SEEU), порано наречен и Штулов универзитет — јавно-приватен универзитет со своите два кампуса во Тетово и Скопје. Главното седиште на универзитетот е во Тетово и формиран е во 2000 година. ИсторијаИзградбата на Универзитетот започнала во март 2001 и Универзитетот на Југоисточна Европа (УЈИЕ) се отворил шест месеци подоцна со 900 студенти. Во октомври 2002 бројот на студентитите се покачил на 2250, а во октомври 2003 г. УЈИЕ имал 3.700 студенти. Целокупниот сегашен број на студенти во УЈИЕ е 5200. Универзитетот има политика на флексибилно учење на јазиците, но во исто време обезбедува и курсеви на македонски, албански и англиски јазик. Сите студенти го изучуваат англискиот јазик. Почетната фаза на развојот на универзитетот била овозможна со помош на донациите на земјите од ОБСЕ и ЕУ и САД од околу 36 милиони евра. Дел од придонесот на САД е обврзан со три годишната соработка со Универзитетот на Индијана кој дал поддршка на развојот на факултетите и наставниот план. Капацитет
Универзитетот зафаќа функционални простории вклучувајќи три амфитеатри, приближно околу 50 простории за предавање, канцаларии за кадарот, три центри за компјутери, библиотека „Макс ван дер Штул“ и станбено сместување за 450 студенти. Сите курсеви се модуларни и го следат примерот на Европскиот кредит трансфер систем. Формални договори за соработка Универзитетот има потпишано со Универзитетот Нант и Универзитетот Анже и Рен, Универзитетот од Приштина, Универзитетот од Тирана и Универзитетот од Питсбург во Пенсилванија, САД. ФакултетиУниверзитетот располага со следните факултети:
Наводи
Надворешни врски
|
Portal di Ensiklopedia Dunia