Финале на Купот на европските шампиони во 1960 година
Финалето на Купот на европските шампиони во 1960 година било петто финале во историјата на Купот на европските шампиони. Во него, за победа се бореле Реал Мадрид од Шпанија и Ајнтрахт Франкфурт од Германија. Надалеку се смета дека токму овој натпревар бил еден од најголемите фудбалски натпревари играни досега. Мадрид победи со 7–3 пред огромната публика од над 127,000 луѓе во Хампден Парк во Глазгов, и таа бројка од луѓе сè уште не е надмината. Имало околу 70 милиони телевизиски гледачи низ цела Европа. Франкфурт стигал до финалето преку победа со импресивниот резултат од 12–4 против шкотскиот шампион Ренџерс, додека пак Реал Мадрид го победил својот вечен соперник Барселона со резултат 6–2. Натпреварот првично бил доведен до сомнеж бидејќи Фудбалски сојуз на Германија ги забрани на своите клубови да учествуваат на натпревари со кој било тим во кој е Ференц Пушкаш, откако Унгарците тврделе дека Западногерманскиот тим користел дрога во 1954. Пушкаш морал да напише писмено изведување пред одржување на натпреварот. Пушкаш и Ди Стефано биле двајцата од само тројца играчи кои постигнале хет-трик во финалето на Купот на европските шампиони или Лигата на шампиони (Пушкаш бил единствен кој постигнал 4 гола), а другиот бил Пјерино Прати од ФК Милан кој го направил на финалето на Купот на европски шампиони во 1969 година против ФК Ајакс. Пушкаш направил уште еден хет-тик на финалето на Купот не европски шампиони во 1962 година. Патот до финалето
НатпреварДетали
ПоврзаноНадворешни врски
Наводи
|
Portal di Ensiklopedia Dunia