УЕФА Финале на Лигата на шампионите во 2017 година е финалниот натпревар на УЕФА Лигата на Шампоните во 2016-17 година, односно 62-та сезона на Европскиот премиерен клупски фудбалски турнир организиран од страна на УЕФА, или 25-та сезона на УЕФА Лигата на Шампионите, бидејќи натпреварувањето било преименувано од Куп на Европски Шампиони во Лига на Шампиони. Натпреварот бил одигран на Милениум Стадионот во Кардиф, Велс на 3 јуни 2017,[5] помеѓу италијанскиотЈувентус и шпанскиот Реал Мадрид, како реприза на финалето во 1998 година. Реал Мадрид го добил натпреварот со резултат од 4-1, со што ја обезбедил нивната 12 титула во ова натпреварување. Со оваа победа, Реал Мадрид станал првиот тим кој некогаш ја одбранил успешно титулата во ерата на Лигатата на Шампионите, и прв да го стори тоа, после Милан во 1990 година. Од друга страна, Јувентус го изгубил своето петто финале по ред, односно седмо, во деветтиот негов финален натпревар.
Екипи
Во следнава табела, финалињата до 1992 година во ерата на Купот на Европските Шампиони, додека од 1993 година била ерата во УЕФА Лигата на Шампионите.
Тим
Претходната финалето настапи (здебелените букви ги покажува победниците)
"Домаќинот" (за административни цели) во финалето бил определен со дополнителен ждрепка која што се одржала по ждрепката за полуфиналните натпревари, одржана на 21 април 2017 година во седиштето на УЕФА во Нион, Швајцарија.[6]