Затерланд
Затерланд (германски: Saterland; затерландски фризиски: Seelterlound) — општина во округот Клопенбург, во сојузната покраина Долна Саксонија, Германија. Сместен е помеѓу градовите Лер, Клопенбург и Олденбург. Ова е матичниот крај на Затерландските Фризи кои и денес говорат на свој јазик. Тие се најмалото признато јазично малцинство во Германија. ГеографијаМестоположбаЗатерланд се наоѓа во северозападниот дел на областа Олденбуршки Минстерски крај, во триаголник на градовите Лер, Клопенбург и Олденбург. На југ од Затерланд се наоѓа крајбрежниот канал, на север и северозапад се наоѓа историската област Источна Фризија. Општината е одвоена од областа со реката Леда. На запад се наоѓа општината Остраудерфен, граничејќи се со местото Идафен. На исток Затерланд е опкружен со каналот Елизабетфен, што ја прави вкупната должина на географската граница на Затерланд. Со одлука на мештаните од 1949 година поранешната општина Елизабетфен, која припаѓала на Затерланд, била префрлена во општината Барсел. Низ местото тече Загтер Емс од југ кон север. Соседни општиниСоседни општини на Затерланд се следниве:
Општински единициОпштината е создадена во 1974 година со здружување на помалите општини Штриклинген (зат. фр. Струкелје), Рамслох (Ромелсе) и Шарел (Схедел). Поранешната општина Шарел се состоела од денешните општински единици Шарел и Зеделсберг. Општината Затерланд се состои од четири општински единици:
ИсторијаВо средниот век, Затерланд бил песокливо подрачје и зафаќало површина од околу 15 километри во должина и 1–4 километри во ширина, окружено со мочуришта. Населен е во периодот помеѓу XX и XIII век од Фризи доселени од Источна Фризија. Поради релативната изолираност на местото, мештаните развиле сопствен облик на источнофризиски јазик наречен „затерландски“ кој опстојува и денес. Затерландските Фризи (герм. Saterfriesen) се најмалиот малцински народ признаен од властите. Галерија
ПоврзаноНаводиНадворешни врски
|
Portal di Ensiklopedia Dunia